5 предупредувачки знаци на кои треба да внимавате на почетокот на врската

5 предупредувачки знаци на кои треба да внимавате на почетокот на врската

Конечно сретнавте некои кој ги исполнува сите ваши услови. Тој е паметен, интересен и привлечен и веќе се надевате дека ќе почнете нешто сериозно. Но, поради некоја причина се прашувате дали сепак можете да ѝ верувате на таа личност. Доколку имате и најмал сомнеж, обрнете внимание на предупредувачките знаци кои се појавуваат на почетокот на врската. Иако можеби е тешко да „прочитате“ некој кој го познавате малку време, подобро е да размислите што ќе правите понатаму ако забележите некој од овие знаци.

1. Контролирање и критикување

(1)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mk

Голема е веројатноста да сте биле во врска или да сте биле пријатели со некој што сака да биде главен. Овие луѓе постојано ве советуваат што и како да правите. Иако понекогаш е заморно, тоа однесување обично е безопасно. Но, постојат и луѓе кои мислат дека треба да донесуваат одлуки место вас, или пак постојано ве критикуваат за сè. Ако на почетокот на врската партнерот прави да се чувствувате неудобно, можеби станува збор за личност која сака да ве контролира.

2. Невнимателност и расеаност

(2)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mk

Има луѓе кои го сакаат адреналинот и не им е страв да пробуваат нови и луди работи. Но ако вашиот партнер постојано го прави тоа, можеби има поголеми проблеми. Можеби ова не е доволна причина да ставите крај, но ако кога сте со него често се наоѓате во ситуации кои прават да се чувствувате небезбедно или под притисок, можеби неговата намера не е најдобра.

3. Себичност

(3)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mk

На почетокот можеби е тешко да ја забележите себичноста бидејќи и двајцата ќе се обидувате да се импресионирате. Себичните луѓе имаат некој страв дека ако не внимаваат на себе ќе завршат со помалку од она што го заслужуваат. Стравот дека ќе немаат доволно внимание, љубов, пари и слично ги тера да реагираат импулсивно и да ги манипулираат ситуациите за тие секогаш да добијат нешто. Ако вашиот партнер постојано заборава да земе пари кога излегувате, или пак не сака да планира со вас и да ви враќа на пораките, можеби си имате работа со себична личност.

4. Проблеми со посветување

(4)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mk

Не секој кој е во врска сака да се посвети на својот партнер. Ова е во ред доколку партнерот уште на почетокот ви каже дека не е заинтересиран за нешто сериозно. Но, ако ви каже дека е заинтересиран, или пак почнал да ве запознава со пријателите и семејството, но постојано избегнува да каже дека сте официјално заедно, големи се шансите да си игра со вас. Луѓето кои се плашат од сериозна врска обично имаат други проблеми кои мораат да ги средат пред да му се посветат на партнерот.

5. Неискреност

5)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mk

Никој не треба да ја толерира неискреноста, особено на почетокот на врската. Ако вашиот партнер ве лаже додека работите сè уште се едноставни, тој ќе продолжи со тоа и понатаму во врската. Бидејќи сè уште немате стекнато доверба еден во друг, во е ред е малку да истражите и да се заштитите. Ако тој нема што да крие нема да му биде проблем да ви одговори на прашањата, но внимавајте да не звучите премногу љубоморно.

Иако не би требало прерано да ја осудувате личноста со која се гледате, бидете внимателни. Не брзајте и дозволете им на работите сами да се одвиваат. Со тек на време ќе дознаете со каква личност си имате работа и ќе можете правилно да одлучите дали вреди да се продолжи врската.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата врска нема да трае долго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар