5 правила за појадок со кои ќе го намалите вишокот килограми
Некои од правилата што ги применувате наутро може да влијаат на процесот на слабеење. Ако ги следите овие 5 правила, ќе имате совршен почеток на денот што ќе ви помогне на долг рок.
1. Внесувајте најмалку 8 грама влакна
Влакната ќе ве одржат сити подолго, така што нема да посегнувате по закуски до ручекот. Затоа е важно вашиот појадок да биде богат со растителни влакна.
2. Појадувајте веднаш штом ќе се разбудите
Користете го потенцијалот на телото да согорува калории и да јадете кога ќе станете, односно не подоцна од еден час по будењето. На тој начин, го стимулирате метаболизмот и избегнувате напади на глад подоцна.
3. Јадете повеќе протеини и помалку шеќер
Слатката храна може да изгледа примамливо и идеално за прв оброк, но таа не е најдобриот избор. Овој вид храна има повеќе калории, а ви дава помалку енергија. Затоа, јадете храна богата со протеини, како што се јајцата и печивата од цели зрна.
4. Грижете се за големината на порцијата
Појадокот треба да биде обилен за да ве засити, но не треба да претерувате. Во принцип, не треба да внесувате повеќе од 350 калории.
5. Никогаш не прескокнувајте појадок
Прескокнувањето оброци не е добро решение ако сакате да изгубите тежина. Ова особено важи за појадокот. Квалитетниот појадок ќе ве засити, така што ќе трошите помалку калории во текот на денот и нема да имате зголемен апетит.
Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако секое утро додавате јаворов сируп во вашиот појадок.