5 правила кои секоја жена треба да ги прекрши

5 правила кои секоја жена треба да ги прекрши

Жените низ историјата поминале низ многу непријатности поради погрешната категоризација на жената како послаб и понежен пол. Секоја личност е иста, независно од нејзиниот пол. Сите го имаме истиот скелет и истата цел во животот – да бидеме среќни. И, на крајот нема да ни се суди по изгледот, туку по делата кои ги правиме.

5 правила кои секоја жена треба да ги прекрши

Бидете сигурни во себе, верувајте дека можете да ги остварите своите цели и на крајот од денот и вие ќе бидете онаа личност која слободно ќе каже дека има сѐ. Едноставно не мора секогаш да ги следите правилата, бидејќи некои од нив постојат само со една причина: Да се прекршат. Еве дел од нив…

1. Држете се до тоа во што сте добри. Но, животот почнува таму каде што престанува удобноста. Се разбира ќе играте на својата сила, но понекогаш мора да се тестирате себеси и така да ги откриете новите работи во кои сте можеби еднакво добри. Никогаш не знаете каде тоа може да ве одведе.

2. Никогаш немојте да го направите првиот чекор. Ако не ѝ покажете на личноста која ви се допаѓа дека ви е симпатична, тогаш како таа ќе знае? И зошто да не пријдете први и да го направите првиот чекот? Не губете време и бидете жена од акција.

3. Никогаш немојте да се расправате со надлежните. Секогаш треба да бидете професионални, но ако мислите дека овој пат сте во право и имате докази за своите тврдења, изборете се за себе. Понекогаш можеби нема да успеете, но барем ќе знаете дека сте се обиделе.

4. Ако не знаете да кажете нешто убаво, тогаш подобро не зборувајте ништо. Конфликтот и кавгата не треба да се охрабруваат, но понекогаш е важно да заземете цврст став и да не дозволите другите да газат преку него. И тоа можете да го направите со стил, без да се спуштате на ниско ниво.

5. Не аплицирајте за работи за кои не сте дораснати. Кога се обидувате да изградите кариера, токму ова правило можете, а и треба да го прекршите. Не ограничувајте се себеси. Отворете ги можностите и опциите и кој знае каде ќе стигнете. Впрочем, што е најлошото што може да се случи? Нема да ја добиете работата, но барем тогаш луѓето ќе знаат дека сте смели и храбри и постоите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар