5 прашања за здравјето кои секоја жена во нејзините 20-ти треба да знае да ги одговори

5 прашања за здравјето кои секоја жена во нејзините 20-ти треба да знае да ги одговори

Многу млади жени се соочуваат со разни проблеми со здравјето – проблеми со дигестија, променливо расположение, замор, ПМС… Важно е да знаете дека многу од овие проблеми може да се спречат, но треба да знаете како. Погледнете ги 5-те прашања поврзани со здравјето на кои треба да му го знаете одговорот.

5-prasanja-za-zdravjeto-koi-sekoja-zhena-vo-nejzinite-20-ti-treba-da-znae-da-gi-osgovori-kafepauza.mk

1. Какво е нивото на моите хормони и дали тие се во „нормален опсег“?

Вашето тело произведува разни хормони кои се потребни во разни ситуации. Имате хормони кои се одговорни за вашето расположение, температурата на телото, метаболизмот, спиењето, желбата за секс и слично. Малите промени кај хормоните на почетокот се незабележителни. Но, со текот на времето овие промени може да предизвикаат несакани ефекти, па дури и долгорочни проблеми со здравјето.

2. Кое е нивото на витамин Д во мојот организам?

Витаминот Д ги одржува вашите заби и коски здрави и цврсти. Исто така тој го регулира расположението, помага во губењето на несаканите килограми, го одржува здравјето на срцето и здравјето на метаболизмот. Повеќето доктори сметаат дека нема опасност сè додека нивото на витаминот Д е над 25 нанограми на милилитар. Сепак, ако го одржувате нивото малку повисоко, вашето здравје ќе биде подобро.

3. Дали ‘рбетот ми е искривен?

Вашиот ‘рбет го поврзува целиот нервен систем со остатокот од телото. Секое негово искривување може да ги натисне нервите, со тоа прекинувајќи го и протокот на крвта во некој дел од телото. Редовно проверувајте го вашиот ‘рбет за да го избегнете ова.

4. Кое е нивото на гликоза во мојата крв?

Гликозата е шеќерот во вашата крв. Ако имате премногу, тоа значи дека вашето тело не е способно да го искористи целиот шеќер за енергија. Ако имате премалку, на вашето тело му недостасува шеќер за енергија. И двата случаи може да водат до дијабетес и други здравствени проблеми со имунитетот и срцето. Ако нивото на шеќер е високо, можете да го намалите со избегнување на слатки и редовно вежбање.

5. Дали сум алергична на некоја храна?

Поголемиот дел од модерната храна што ја консумираме е полна со пестициди, а тоа ја прави „тешка“ за дигестивниот систем. Од овде доаѓаат многуте алергии и чувствителности на храна. Многу луѓе не се толерантни на некоја храна, но не го знаат тоа бидејќи немаат видливи симптоми. Некои од симптомите се гасови и подуеност, проблеми со кожата, темни кругови под очите, акни, артритис и зголемена желба за храна. Кога ќе знаете која храна не е добра за вашиот стомак, полесно ќе ја избегнувате и ќе си подарите посреќен и поздрав живот.

Погледнете ги и овие 10 нешта за женското здравје кои секоја жена треба да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар