Одговорете на овие 5 прашања и дознајте колку сте биле успешни во 2017 година

Одговорете на овие 5 прашања и дознајте колку сте биле успешни во 2017 година

Крајот на 2017-та е сè поблиску. Па пред да почнете со прослави и празници, добро е да го разгледате вашиот професионален, но и личен успех од оваа година. Колку ви е важно да созреете? Дали еден од приоритетите ви е да живеете значен живот? Ако одговорот е да, тогаш оваа рефлексија е клучна.

5-prashanja-so-koi-kje-go-izmerite-napredokot-od-ovaa-godina-kafepauza.mk

Ако сакате да го направите тоа, голема е веројатноста да сте мотивирана личност која бара некаков пат. Важно ви е да создадете наследство со кое ќе се гордеете и важно ви е да бидете значајни. Сакате да направите разлика и да бидете искрени кон себе. Но во вашиот подвиг да направите разлика, голема е веројатноста да сте заборавиле кои навистина сте. Размислете добро каде се наоѓате. Каква личност сте станале до сега? Дали сте на вистинскиот пат? Поставете си ги овие прашања кои ќе ви помогнат да ги најдете одговорите.

1. На скала од 1 до 10, како би ја оцениле својата позитивност? Сменете го начинот на кој го гледате светот така што ќе ви биде од помош. Зголемете ја благодарноста во вашиот живот.

2. На скала од 1 до 10, колку сте вклучени во својот живот, во овој момент? Колку често се чувствувате како да припаѓате? Пронајдете начин да го зголемите саморегулирањето на вашите постапки и вашите чувства.

3. Проценете го квалитетот на вашите врски. На скала од 1 до 10, колку сте среќни со луѓето кои ве опкружуваат? Дали има луѓе во вашиот круг кои ве поддржуваат и предизвикуваат? Зголемете ја вашата мрежа на поддршка како и вашето социјално влијание.

4. Во следните 30 секунди кажете што е вербата во вашиот живот? Дали имате значење во животот? Колку често, на скала од 1 до 10, живеете со намера? Зголемете ја вашата цел и надминете ги физичките ограничувања.

5. Нашата цел е да созреваме. Ние сме креативни и духовни битија. Протегнете се и неудобноста нека ви стане удобна. Оценете колку сте задоволни со вашите достигнувања

Откако реално ќе погледнете каде се наоѓате, ќе можете да создадете пореални планови за 2018-та година. Истражувањата покажале дека фокусирањето на овие 5 страни од животот може многу да ви го подобри животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар