5 прашања што треба да му ги поставите на вашиот гинеколог

5 прашања што треба да му ги поставите на вашиот гинеколог

Дали е заради возбуда или пак, нешто сосема друго е во прашање, но факт е дека на многу жени им се случува кога ќе отидат на гинеколог да забораваат да постават многу важни прашање. Ова се неколку од прашањата кои можеби и вас ве мачат, па нека ова ви биде мал потсетник на што треба да обрнете внимание при следната посета кај вашиот гинеколог.

1-5-prashanje-koi-treba-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-ginekolog-www.kafepauza.mk_

1. Дали крвавењето после секс е нормално?

Крвавењето може да значи многу работи, од помали проблеми, како што се полипи на матката, до воспаление на матката, па дури и посериозни проблеми (рак на грлото на матката). Ако забележите какво било крвавење после сексуалниот однос, обрнете внимание дали е крвта светла (значи нова рана) или темно црвена (може да биде остаток од менструалната крв) и известете го вашиот доктор.

2. Нередовни менструации

Ако вашата менструација доцни секој месец, тоа не е нормално, а ниту појавата на тегоби или крвавење помеѓу два циклуса. Запомнете што е можно повеќе детали – колку често се случува да ве „прескокне“, дали имате болки, колку трае, дали крвавењето е обилно или оскудно.

3. Колку алкохолни пијалаци можете да испиете неделно?

Се смета дека количината на алкохол, доколку е прекумерна, може негативно да влијае врз репродуктивното здравје на жените. Голем број жени несвесно пијат повеќе од препорачаната количина од еден пијалак дневно. Затоа во текот на една недела забележувајте колку алкохолни пијалаци внесувате, доколку сакате да разговарате со вашиот гинеколог за тоа.

2-5-prashanje-koi-treba-da-mu-gi-postavite-na-vashiot-ginekolog-www.kafepauza.mk_

4. Како сами можете да ги прегледате градите, а кога е време за посета на специјалист?

Се препорачува самите да си правите преглед по завршетокот на менструацијата, бидејќи во текот на самата менструација градите може да бидат тврди, што го оневозможува нивниот правилен преглед.

5. Зошто оралниот секс може да биде опасен?

Сѐ поголем е бројот на случаи со рак на усната шуплина, со тоа што кај повеќе од половина случаи како причина се јавува ХПВ (хумани папилома вирус), кој во усната шуплина може да допре преку оралниот секс. Воздржете се од орален секс, доколку во усните имате стини ранички кои тешко минуваат или ве мачи напорна кашлица, а истото се однесува и за вашиот партнер.

Иако некои работи ги чувате само за себе, овие се 11 тајни кои морате да ги споделите со вашиот гинеколог.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар