5 прашања што ќе ве направат посреќни
Понекогаш едноставно не сме свесни за реалноста и немаме одговор ни за наједноставните животни прашања. Најчесто овие одговори ги губиме барајќи поголема смисла на нашето постоење. Доколку сакате да го промените вашиот живот и да ги постигнете целите, поставете си ги овие 5 прашања.
1. Што очекувате?
Вашите чувства и емотивните реакции се моќни показатели за она што го вреднувате. На пример, доколку сте лути, разочарани или фрустрирани, тоа е знак за вашата нескладност со вашите вредности. Негативните емоции покажуваат кршење на вредностите. Од друга страна, позитивните емоции, како задоволството и возбудата, покажуваат дека вашите вредности се потврдени. На пример, доколку шефот ви рекол дека сте одработиле лошо, иако сте вложиле многу труд и енергија, сосема нормално е да се почувствувате фрустрирано.
2. Што набљудувате?
Од моментот кога ќе ги отвориме очите, ние почнуваме да го набљудуваме светот околу нас. Иронично, но вистинито е тоа што всушност не знаеме што е во нашето поле на набљудување. Па, обидете се да се фокусирате и да ги видите нештата што се пред вас. Исто така, доколку често повторувате иста грешка, запрашајте се што треба да научите од неа што досега не сте научиле. Размислете за вашите емоции и постапки, за она што го прават другите, набљудувајте го светот околу вас и не му дозволувајте на секојдневието да ве направи слепи за очигледните работи.
3. Што мислите?
Доколку им се посветите на нештата што ги набљудувате, полесно ќе ги разберете вашите чувства. Често, луѓето остануваат во насилни врски бидејќи сметаат дека е подобро да бидат во ситуација што им е позната. Со други зборови, страв им е од промени и од можноста следниот партнер да биде дури полош. Разбирањето на вашите мисли ќе ви помогне да го разберете и вашето однесување. Доколку научите да го истакнете вашето мислење и критички да го разгледате, тогаш сте направиле многу за себе.
4. Што сакате и зошто?
Кога знаете што навистина сакате, многу полесно ќе ги поставите вашите цели. Кога ќе одговорите на ова прашање, ќе станете свесни за вашите избори. Доколку не ви е јасна целта, нема ни да ја достигнете. Штом ќе откриете што сакате, обидете се да сфатите зошто го сакате токму тоа. На овој начин полесно ќе се справите со неуспесите и пречките и ќе имате поголема мотивација и одлучност.
5. Кон што е насочен вашиот фокус?
Одговорот на ова прашање ќе ви донесе и многу други одговори во животот. Вашите резултати се последица од вашиот фокус. Во животот често ќе бидете разочарани од вашата ситуација, па во овие моменти запрашајте се зошто е ова така и кои се всушност вашите цели. Немојте никогаш да се фокусирате на лошото. Немојте да се оптоварувате со она што го немате, туку почнете да се движите кон она што сакате да го имате.
Погледнете и кои се убијците на среќата што ви ги крадат шансите за успех.