5 прашања на кои треба искрено да одговорите пред да изјавите љубов

5 прашања на кои треба искрено да одговорите пред да изјавите љубов

Сте почнале да се гледате со некого веќе некое време и јасно е дека емоциите и од двете страни се силни. Постојано сте заедно и луѓето веќе почнаа да ве препознаваат како пар. Неколку пати ви дојде да ги изговорите магичните зборови „Те сакам“ и тоа е прекрасно, но тоа се зборови со кои дефинитивно не треба да се расфрлате наоколу. Како да знаете дали се работи само за страст (потреба да бидете со некого) или вистинска љубов?

5 прашања на кои треба искрено да одговорите пред да изјавите љубов

Иако овие две идеи се поклопуваат, треба да знаете дека многу се разликуваат една од друга. Пред конечно да ја изјавите вашата љубов, обидете се да одговорите на следниве 5 прашања…

1. Дали постојано имате само секс?

Секако дека хемијата во спалната соба е од големо значење, но ако таму го поминувате поголемиот дел од времето, тоа не е добар знак. По некое време ќе ви здодее сето тоа и ќе почнете да барате друг партнер да ги задоволи вашите сексуални потреби.

2. Дали криете работи еден од друг?

Меѓу заљубените партнери не постојат ѕидови, граници и тајни. Тие се претставуваат себеси во вистинско светло и се прифаќаат меѓусебно со сите недостатоци и мани. Честопати, паровите меѓу кои постои само силна страст го кријат нивното вистинско лице од страв дека ќе бидат одбиени. Во љубовта не би требало да постои таков страв.

3. Дали меѓу вас постои вистинско пријателство?

Доколку одговоривте потврдно на ова прашање, постои голема веројатност дека се работи за вистинска љубов. Врската изградена без пријателска основа ретко опстојува.

4. Дали често чувствувате љубомора?

Заљубените партнери си веруваат еден на друг без оглед на околностите. Партнерите меѓу кои постои само страст честопати си наоѓаат причини да бидат љубоморни, бидејќи се несигурни во себе и во нивната лојалност.

5. Дали очекувате вашиот партнер да биде совршен?

Кога сте вљубени, тоа значи дека треба да ја прифатите секоја мана и секој недостаток на партнерот. Но, кога постои само страст, очекувате од партнерот да биде совршен и да има совршен однос со семејството и пријателите за врската да делува среќна и успешна.

Одговорите на овие прашања ќе ви ги откријат вашите вистински чувства и ќе ви помогнат да дознаете дали се работи за вистинска љубов или за обична страст. Не треба да избрзувате со зборовите „Те сакам“ додека не се запознаете малку подобро со партнерот и не бидете сигурни во нивното вистинско значење.

Доколку одлучивте дека сепак се работи за вистинска љубов, прочитајте ги овие 22 романтични начини да кажете „Tе сакам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар