5 прашања кои треба да си ги поставите доколку не сте сигурни во вашата љубовна врска

5 прашања кои треба да си ги поставите доколку не сте сигурни во вашата љубовна врска

Колку пати сте се запрашале дали вашиот партнер е вистинскиот за вас? Одговорот никогаш не е едноставен или сосема јасен. Секој човек има свои предности и недостатоци, но ако решите да ги ставите на вага, нема да стигнете до вистинскиот одговор. Сепак, постојат неколку прашања кои би можеле правилно да ве насочат. Ако одговорот на поголемиот дел од овие прашања е „да“, тогаш не дозволувајте да ја изгубите личноста која ја имате до себе.

5 прашања кои треба да си ги поставите доколку не сте сигурни во вашата љубовна врска

1. Дали вашиот партнер ве слуша?

Ако вашиот партнер ве слуша, тоа не значи дека тoј или таа треба да се прилагоди на сите ваши желби и потреби. Тоа исто така не значи и дека вие мора да умирате од желба за да ги чуете најновите спортски резултати или насловите од списанија за мода и убавина.

Партнерот кој витински се грижи за вас, сака да го чуе она што навистина ви значи. Тие сакаат да знаат зошто сте нерасположени и како би можеле да ве направат среќни. Ги интересира вашиот став, мислење и верување. Ова посебно се однесува на сериозните работи со кои и двајцата треба да се справите.

Заклучокот е дека најновите озборувања или вести од светот може да влезат од едното и да излезат од другото уво на вашиот партнер, но вие би требало да сте првата личност која ќе ја праша за мислење кога станува збор за донесување важни одлуки.

2. Дали вашиот партнер е тука за вас?

Вистинската лојалност на вашите пријатели се познава во неволја, тогаш кога навистина ќе ви треба нивната помош. Истото се однесува и на вашиот партнер. Тој или таа треба да биде човек кој секогаш ќе бидат покрај вас, во тешки моменти, во болест, тага и во која било друга тешкотија која животот ќе ви ја наметне.

Нормално е дека вашиот партнер сигурно ќе има негови проблеми со кои ќе треба да се справи, како на пример, напорна работа, семејни проблеми и слично. Но, ако тој навистина се грижи за вас, ќе ви ја понуди неговата помош и безусловно ќе ве поддржи токму тогаш кога најмногу ќе ви биде потребен.

Можеби нема да биде до вас кога ќе се тетовирате или кога ќе се растажите поради некој филм, но кој ќе биде првиот кој ќе ви направи чај кога ќе се разболете? Која е првата личност која ве развеселува кога сте тажни? Кој е тука да ви даде совет кога најмногу ви треба?

Ако вашиот партнер е тука за вас кога навистина ви треба, запаметете дека е во ред да заборавите на нештата кои не се толку важни.

5 прашања кои треба да си ги поставите доколку не сте сигурни во вашата љубовна врска

3. Дали вашиот партнер ве почитува?

Почитта може да заземе многу форми. Таа се гледа по начинот на кој разговарате и по начинот на кој зборувате еден за друг со вашите пријатели. Се гледа по начинот на кој се слушате кога едниот зборува за работите што му значат. По начинот на кој наоѓате време за да си посветите внимание еден на друг. Доказ за почитта се и вашите дела и вашиот меѓусебен однос.

Меѓутоа, почитта е многу субјективна работа. Вие самите може ова најточно да го процените. Ако се чувствувате непочитувани, тогаш најверојатно тоа е вистината. Ќе почувствувате кога партнерот ќе ви покаже почит.

4. Дали вашиот партнер ве цени?

Слично како почитта, и ценењето е исто така субјективно. Некои луѓе го покажуваат тоа со зборови, а некои со дела. Многу двојки веруваат дека тоа е јасно преку присуството, вниманието и љубовта на партнерот.

Ова е многу важно особено кога станува збор за долги, сериозни врски, затоа што многумина од нас забораваат да ја искажат гласно љубовта спрема партнерот. Дури и простите зборови како „благодарам“ се чинат непотребно кога премногу ќе се опуштиме покрај некого. Сепак, тоа не значи дека партнерите не се ценат повеќе, туку дека тоа го искажуваат на поразличен начин.

Едноставен пример на покажување љубов од секојдневниот живот е кога вашиот партнер ќе си дојде дома и ќе ви ги донесе вашите омилени грицки и пијалаци без да побарате.

5 прашања кои треба да си ги поставите доколку не сте сигурни во вашата љубовна врска

5. Дали вашиот партнер ве поддржува?

За врската да опстане потребно е меѓусебно да се поддржувате. Вашиот партнер треба да ве инспирира да станете подобра личност затоа што тие веруваат во вас како човек, како партнер, и веруваат во вашиот потенцијал да станете уште подобри.

Тој треба да верува во вашата лојалност, проценка и чувства. Треба да ве поддржуваат во вашата работа и во нештата кои ве исполнуваат. Најголемиот доказ на поддршка е тоа што ќе вложат години од нивниот живот во вас, затоа што тие навистина веруваат дека можете да ги направите среќни и да ја извлечете најдобрата верзија од нив самите.

Потврдниот одговор на поголемиот дел од овие прашања докажува дека личноста која ја имате во вашиот живот е всушност личноста со која сакате да го поминете вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар