5 прашања кои треба да си ги поставите ако постојано ги повторувате истите грешките во љубовта
Секое раскинување е тешко, без разлика кој бил иницијаторот. Можеби ќе ви биде потребно време после раскинувањето, а можеби веднаш ќе започнете нова врска. Како и да е, изборот е ваш. Од неуспешната врска можете да научите нешто и да најдете подобар партнер, или како повеќето повторно да ги повторите истите грешки.
Правењето листа ќе ви помогне да ја согледате реалноста за вашата врска, и лошите и добрите страни, и ќе ви помогне да ги средите вашите чувства. Покрај тоа, овие листи ќе ви помогнат да забележите кои грешки ги повторувате, па следниот пат ќе знаете што да избегнувате. Кога ќе ја правите оваа листа, поставете си ги следниве прашања.
1. Што сте сакале кај него?
Дури и најлошите врски имаат нешто добро што ве натерало да останете заедно толку долго. Дали се чувствувавте поврзано? Дали ви годело да имате некој покрај себе? Дали заедно се смеевте? Дали тој ги ценел вашите чувства? Дали сте се чувствувале заштитено кога сте биле заедно? Вклучете го секој дел од врската кој ви се допаѓал. Можеби некои од овие работи ќе ги најдете и кај наредниот партнер, а може некои ќе останат само кај поранешниот.
2. Што не сте сакале кај него?
Многу често луѓето мислат само на убавите мигови по раскинувањето, дури и ако врската била навистина лоша. Поврзувањето со другата личност било силно, па по раскинувањето се чувствува празнина. Оваа листа ќе ви помогне да бидете пореални. Дали сметавте дека не сте му приоритет? Дали требало да се извинувате за неговото однесување? Дали секогаш се сомневал во вас? Можеби пак, не водел добра грижа за себе? Запишете сè, па дури и некој физички недостаток. Кога ви недостига, дали ви недостига тој или вие двајца заедно? Оваа листа нека ве потсетува зошто е во ред тоа што сте разделени.
3. Што ве прави вредна личност?
Кои се квалитетите со кои можете да се пофалите? Дали сте добар слушател? Дали сте добар готвач? Дали сте возбудени за животот и љубовта? Набројте сè што ќе ви падне на ум. Не заборавајте да ги наброите работите кои ќе му недостигаат на поранешниот партнер, квалитетите кои нема да може да ги пронајде кај друга. Ако постојат некои работи на кои сакате да поработите, запишете ги и нив и уште веднаш почнете со подобрување. Станете жената која сакате да бидете. Станете жената која ве прави среќни. Ова ќе ја зголеми вашата самодоверба, а другите ќе го забележат тоа.
4. Што научивте за себе пред и по раскинувањето?
Дали сте сфатиле дека сте одлична девојка? Или пак можеби сте биле премногу несигурна? Дали целосно сте се посветиле на врската или пак ви било страв да не бидете повредени? Дали сте биле љубоморни или лојални и искрени? Набројте сè што сте научиле, и добро и лошо. Размислете и како сте се чувствувале за себе пред да ја започнете врската. Како сте се чувствувале додека сте биле заедно, и како се чувствувате сега? Дали сте биле несреќни кога сте биле сингл, а сега сте сфатиле дека тоа е подобро? Или пак сте се чувствувале среќно и безбедно во врската, па сега едвај ја чекате новата?
5. На што треба да работите пред да го запознаете следниот партнер?
Дали ви е потребна поголема самодоверба? Дали треба да научите да ги искажувате вашите чувства? Како што веќе знаете, мажите и жените зборуваат разни јазици, а ваше е да откриете што сакате во здрава врска. Она што звучи добро за вас, може да биде навистина лошо за некои мажи. Добро запознајте се себеси и научете ефективно да комуницирате со мажите. Ова ќе ви помогне да се движите во правилната насока, а резултатите навистина пријатно ќе ве изненадат.
Погледнете и кои се знаците кои покажуваат дека е време да ѝ ставите крај на врската.