5 практични начини за зголемување на емоционалната интелигенција
Емоционалната интелигенција е популарен термин често употребуван во разговорите за успешна комуникација и одржување на долготрајни и здрави социјални односи. Развивањето на ваквата интелигенција е важно доколку сакате да имате успешна социјализација, подобро да ги разбирате другите и себеси, како и да бидете полни со емпатија. Таа претставува способност да се биде свесен за своите емоции како и нивно регулирање, а присутната емпатичност значи дека сте свесни за емоциите и реакциите на луѓето околу вас. За среќа постојат неколку практични начини со кои можете да го подигнете нивото на емоционалната интелигенција уште денес. Со тоа ќе станете уште посвесни и ќе ги подобрите односите со другите. Прочитајте ги во продолжение советите што ги даваат психолозите за прагматичното зголемување на овој вид интелигенција.
1. Кога ќе се почувствувате лошо не го занемарувајте тоа
Понекогаш се случуваат неубави работи како што се раскинување на врска или напорен состанок на работа, па кога ќе појдете дома и сте преплавени со чувства се обидувате да си го одвлечете вниманието со нешто друго. Не ги замрзнувајте емоциите бидејќи на тој начин ја исцрпувате емоционалната интелигенција. Постојат многубројни начини за да ги занемарат емоциите. Посегнувањето по лекови или алкохол, гледањето телевизија, социјалните медиуми и храната за да ги заобиколите сопствените емоции може да биде навика од која тешко се одвикнува. Кога ќе добиете импулсивен порив да посегнете по некој од овие механизми за ослободување на стрес, прашајте се себеси зошто сакате да избегате од емоциите што се во вас. Откако еднаш ќе ја сфатите причината, признајте ја и после тоа донесете одлука како ќе се чувствувате.
2. Водете дневник
Секојдневното пишување записи е еден вид форма на проникнување во себеси и одлична алатка за да ја стимулирате сопствената свесност, но индиректно и емоционалната интелигенција. Предлог теми на кои може да пишувате:
- Кои лекции ги научив?
- Кој беше мојот денешен предизвик?
- Колку растев денес?
- Што научив за себе денес?
- Што научив за другите денес?
3. Правете емоционални проверки
Периодично проверете го вашето емоционално доживување. Наместете го алармот во текот на денот и проверете ги своите емоции. Прашајте се: „Што чувствувам?“ Станете љубопитни за вашите чувства и прашајте се: „Која е причината за овие чувства?“ Развивајте ја љубопитноста за вашите емоционални доживувања и почнете да правите разлика помеѓу вашите мисли и емоции.
4. Практикувајте уважување на туѓите емоции
Научете да ги уважувате емоциите на другите луѓе бидејќи тоа значи дека сте способни да идентификувате што чувствува личноста и зошто тоа чувство има смисла врз основа на тоа низ што поминува индивидуата чиишто чувства се обидувате да ги разберете.
Кога комуницираме и уважуваме тогаш навистина ги разбираме емоционалните доживувања на другите. Не мора секогаш да се согласувате со нечија емоција за да сфатите зошто таа се појавила. Постои разлика помеѓу „Разбирам како се чувствуваш“, „И јас се чувствував исто кога бев отпуштен“ и „Можам да претпоставам колку си се чувствувал збунет затоа што твојот шеф никогаш не те предупреди за однесувањето“.
5. За време на разговорот обидете се да го копирате однесување на соговорникот
Кога разговарате со некого повторете го тоа што сте го слушнале. Често мислите дека некого сте го слушнале, но не сте го разбрале. Со повторување со свои зборови на она што некој ќе ви го каже можете да му ставите до знаење дека слушате и сакате да разберете убаво. Колку повеќе вежбате за идентификување на туѓите емоции и правите проверки дали сте во право, толку подобри ќе бидете во тоа.
Откако ќе ги практикувате овие 5 методи, можете да продолжите со работење на вашата емоционална интелигенција и да навлезете во нејзините длабочини со практикување на медитација или со посета на достапни тераписки сеанси. Кога еднаш ќе почнете да ја проширувате својата свесност, ќе забележите дека полесно ја идентификувате емоционалната интелигенција кај другите. Развивањето на овој вид интелигенција истовремено претставува убав, сложен, но и ранлив процес.
Прочитајте ги и овие корисни совети за подобрување на емоционалната интелигенција.