5 познати модни дизајнери советуваат: Како да ја пронајдете совршената венчаница?
Софија Вебстер
„На секоја невеста би ѝ кажала да остане верна на себе и максимално да ужива во секое делче од тој ден, бидејќи тој е само нејзин. Кога е во прашање изборот на фустан, не мора секогаш да се држите до стабилните и традиционални норми, бидејќи никој не вели дека постојат правила, освен вашите – да се чувствувате удобно во вашиот избор. Кога ја лансирав својата невестинска колекција, сакав во неа да ги задржам елементите на забава, па затоа омилените стилови и кроеви ги бојадисав во ледено сина, светло розова и боја на слонова коска.“
Кејт Халфпени
„На денот од вашата венчавка би требало да изгледате како отмена верзија од себе, а не како претерано стилизирана верзија од некој друг. Секогаш ги охрабрувам невестите да испробаат најразлични модели и да не се откажуваат сè додека не ја пронајдат онаа венчаница во која најмногу се чувствуваат свои. Би било мудро од вас пред да тргнете во самата потрага, да пребарате малку на Интернет и на тој начин да откриете кои дизајнери и стилови најмногу ви се допаѓаат, како и материјали, но никако не препорачувам да поминете недели и месеци на Пинтерест ниту во страсна потрага по модните сајтови и блогови кои се занимаваат со таа тематика. Ќе завршите со глава пренатрупана со информации, но малку идеи за тоа што навистина ви се допаѓа и што навистина сакате.
Шарлот Олимпија
„Откога и самата се најдов во улога на невеста, започнав да ги набљудувам работите од друг агол. Особено кога беа во прашање обувките, бидејќи тие се многу слични, а јас сакав да носам нешто што е во мој стил. Затоа во обувките за невести воведов бои и дезени кои ја отсликуваат личноста на идните невести, а не ја прикажуваат само неа во текот на тој ден. Јас лично сакам анимал, поточно леопардски принт и го носам на моите обувки практично секогаш. Така беше и на мојата венчавка и беше сјајно на тој посебен ден така да се чувствувам. Носев нешто што потполно ме отсликуваше мене и преубав фустан со потпис на Џамбатиста Вали.“