5 показатели дека вашиот живот набрзо драстично ќе се промени
Понекогаш кога мислите дека вашиот живот се распаѓа, вие всушност не гледате дека работите се редат на своето место. Иако промената не е секогаш добредојдена, секогаш е присутна, а често кога мислите дека вашиот живот се движи во погрешна насока, тоа е така затоа што сѐ доаѓа за да се усогласи со вашите намери и желби. Погледнете ги овие показатели кои ви најавуваат дека набрзо вашиот живот набрзо драстично ќе се промени.
1. Сѐ што не ви се допаѓа веќе станува неподносливо
Не постои ништо слично како чувството на нервоза. Таа доаѓа од никаде, како комарци во текот на ноќта кои предизвикуваат чешање и ве мачат додека не ѝ наштетат на вашата кожа. Кога ќе почнат да ви пречат малите работи во животот кои претходно не ви пречеле, треба да знаете дека доаѓа промената. Тоа мора да биде така. Постои одредена количина негативност која можете да ја издржите, пред последната капка да ја прелие чашата.
2. Се чувствувате изгубено
Најдобар начин да се пронајдете себеси е да се изгубите. Сепак, тоа звучи малку наопаку, сѐ додека не успеете да сфатите зошто. Кога ќе се изгубите, немате насока, а кога немате насока, немате желба. Кога немате желба, немате потреба од нешто, а кога немате потреба од нешто, тогаш зборува вашата душа. Иако можете да се чувствувате надвор од контрола, вие во овој момент сте во јасна позиција да сфатите што сака вашето срце. Така, имате поставено нов пат, промена која можеби вам очајно ви е потребна и која е во согласност со вашето тело, ум, срцето и душата.
3. Излегувате од инкубатор
Дали некогаш сте забележале дека одредени периоди во вашиот живот во целост се исполнети со авантури, забава со пријателите и семејството, така што се чувствувате дека едвај можете да останете во чекор со тоа? А остатокот од годината е обележан со изолација и малку депресија? Должината на тие циклуси може да се разликува, но секој човек поминува низ неколку вакви моменти во текот на животот. Овие циклуси се потребни кога вие се обидувате да формулирате своја перспектива на светот. Интроспективните периоди нудат емоционален, психолошки и духовен раст додека надворешните импулси нудат искуства, патувања и нови перспективи. Кога ќе излезете од периодот на инкубатор, тоа е како повторно да се раѓате. Ова би значело дека сте зеле време за да ги наполните батериите, да ги погледнете и повторно да ги оцените работите, за да се насочите кон нови цели, нови насоки и нов живот.
4. Истовремено се чувствувате исплашено, возбудено и вознемирено
Вашата етапа на инкубатор и заздравување го завршила својот циклус и вие добивте нова насока. Што е следно? Кога нешто е страшно и возбудливо, само треба тоа да го направите. Во овој момент може да чувствувате дека нешто големо ќе се случи. Немате идеја што да очекувате, само знаете дека сте на прав пат и едвај чекате да дојдете до она што е на крајот на тунелот. Во оваа точка не треба да смислувате строги планови, затоа што најверојатно ќе бидат одложени или откажани и само ќе си предизвикате себеси непотребни проблеми. Вашата намера е поставена, но енергијата сѐ уште се прилагодува додека се развиваат резултатите. Секој од нив треба да се истражи пред да се одлучите да го направите вашиот избор. Бидете трпеливи во тој период и останете отворени. Ова е возбудливо време!
5. Синхронизираност
Нема ништо поубаво од еден суптилен доказ од универзумот дека сте на вистинскиот пат. Синхронизираните случки служат како уверување дека вашите мисли се во согласност со вас. Кога ќе се случат големи промени, вие секаде околу вас ќе го гледате бројот 5. Овој број е најјасен знак дека треба да се подготвите, затоа што поминувате низ промена која ќе ви влијае многу. На промената никогаш не треба да гледате позитивно или негативно, таа едноставно е потребна.