5 погрешни заклучоци на кои нè наведуваат срамежливите момци

5 погрешни заклучоци на кои нè наведуваат срамежливите момци

Срамежливите момци умеат чудно да се однесуваат – изгледаат како да се лути поради нешто, а потоа се свртуваат и си одат. Исто така, изгледаат како да не можат прецизно да одговорат на поставеното прашање, а уште помалку тие да го постават. Срамежливоста ги блокира срамежливите момци, па тие ни оставаат погрешен впечаток. Затоа, следниот пат кога ќе се обидете да разговарате со некое момче за кое ви кажале дека ве симпатизира, а тој се однесува како тотален идиот, само помислете дека можеби тој е срамежлив. Исто така, можеби срамежливоста е причината поради која не успевате да остварите никаков контакт со слаткото момче, бидејќи тој воопшто нема поим дека е сладок.

1-5-pogreshni-zakluchoci-na-koi-ne-naveduvaat-sramezhlivite-momci-www.kafepauza.mk_

1. Глупав е

Кога ќе почне да пелтечи и не може да изговори ниедна сложена реченица, лицето ќе му се искриви од напор, а сè што успева да артикулира се фрази, прости реченици и кимање со главата, на нас ни изгледа како тој воопшто да не знае да зборува, а веројатно ниту да мисли. Тоа делува по малку застрашувачки. Не знаете како нему навистина му влијае срамежливоста, па само ќе помислите „тој е просто глуп“, ќе заминете и ќе заборавите на средбата. Но, немојте да се чудите ако случајно налетате на некој „глупак“ кој зборува течно со некого, се смее и се шегува, како да нема никакви проблеми во комуникацијата – сетете се дека блокадата од срамежливост прави чуда.

2. Тој нема поим за ништо

Срамежливоста не го фрустрира само оној кој пати од неа, туку и оној кој се обидува да воспостави некаков контакт со него. Ако разговорот тече тешко, вие се обидувате да флертувате, а тој како воопшто да не ве забележува, па вие „случајно“ ќе го допрете, а тој ќе се тргне, ако ја ставите вашата рака на него, а тој како да очекува удар, најверојатно ќе сфатите дека тој е премногу срамежлив. Меѓутоа, фрустрацијата која ја чувствувате и самите, бидејќи испаѓате наметливи, неумешни и се чувствувате како будала, ќе ве наведе луто да помислите дека тој нема поим за ништо и дека воопшто не вреди да се трудите. Но, срамежливците умеат да бидат вистинско изненадување – кога ќе се опуштат и „преработат“.

3. Ако не е во состојба да ми пријде, тогаш ништо

Сигурни сте дека тоа треба да биде така. Тој треба да ви пријде вам и ако не може да се снајде во тоа, тогаш најверојатно нема да може ниту во кој било друг емотивен однос. Но, можеби поради предрасудите ја пропуштате приликата срамежливиот маж да се ослободи и да ви ги покаже неговите квалитети. Ризикувајте, пријдете му вие нему.

2-5-pogreshni-zakluchoci-na-koi-ne-naveduvaat-sramezhlivite-momci-www.kafepauza.mk_

4. Воопшто не му се допаѓам

Понекогаш срамежливоста е маскирана со ладнокрвност, дистанца и незаинтересираност, бидејќи тоа е единствениот начин срамежливите момци да не излезат неумешни и неспособни. Но, во секој случај, подобро е да мислите дека не го привлекувате, отколку да мислите дека е глупав.

5. Мора нешто во врска со него да не е во ред

Дури и кога ќе сфатите дека тој е срамежлив, ќе бидете збунети поради промените во неговото однесување. Ќе се запрашувате дали со него е сè во ред. Па, не е. Во онаа смисла во која сите наши маани и слабости ни прават проблем во комуникацијата, нè спречуваат да го кажеме она што го мислиме, да бидеме опуштени и да се однесуваме самоуверено. Но, срамежливоста може да се надмине. За разлика од глупоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар