5 почетни стадиуми во новите љубовни врски
Постојат малку нешта кои можат повеќе да ги разгорат емоциите од раните фази на новите врски. Започнувајќи од возбуда и страв, па сè до исчекувањето на бакнежи се само дел од магичните моменти кои предизвикуваат целото тело да ви гори. За време на овој период, сите луѓе поминуваат низ 5 стадиуми кои водат кон официјална врска. Сигурни сме дека можете да ги препознаете сите…
1. Стадиум на пеперутки
Овој стадиум ги опфаќа првите неколку недели од новата врска. Тоа е стадиумот во кој вие едноставно не можете да ги тргнете вашите очи од него/неа и илјадниците пеперутки кои ги чувствувате во вашиот стомак секој пат кога тој/таа ќе ве допре понекогаш дури знаат да направат и да ви биде малку лошо. Во оваа фаза вие ја насочувате целата ваша енергија кон запознавањето и постојано размислувате за вашиот нов партнер.
2. Стадиум на смирување
Во овој стадиум пеперутките почнуваат да се смируваат, но вие сè уште можете да ги почувствувате кога тој/таа ќе ве бакне во вратот. Уживате во сексот, неколку пати во текот на денот и сè уште не сте ја имале вашата прва расправија. Исто така, кај вас почнува да се јавува возбуда кога размислувате за она што ви го носи иднината. Токму затоа и постојано го повторувате неговото/нејзиното име во разговорите, па на вашите пријатели им станува малку здодевно.
3. Среден стадиум
Во оваа фаза вие почнувате да размислувате дали вашата врска има иднина. И двајцата сакате да го поставите ова прашање, меѓутоа ниту еден од вас не собира доволно храброст. Исто така, како што учите повеќе за себе, така и почнувате да имате поголем број несогласувања, што е сосема нормално во овој стадиум од вашата врска бидејќи вие сè уште ги откривате мааните еден на друг.
4. Стадиум во кој се движите кон сериозна врска
Вие сте ја надминале фазата во која се прашувате дали вашата врска има иднина и знаете дека сте си доволни еден на друг во моментов. Тоа е сè што ви е потребно за да продолжите да бидете заедно. Вие почнувате да правите подолги планови во вашата врска, како и организирате средби со цел да ги запознаете родителите.
5. Последен стадиум
Вие веќе некое време сте заедно и можете слободно да кажете дека сте го запознале целосно вашиот партнер. Бидејќи поминувате многу време заедно, вие знаете што тој/таа ќе порача во ресторан, која ќе биде нивната следна реченица како и кој филм ќе одберат да го гледате за време на викендот. Вие почнувате да се чувствувате многу удобно во негова/нејзина близина и станувате повеќе возбудени за вашата заедничка иднина. Овој стадиум завршува со сериозниот разговор за статусот на вашата врска.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.