5 парчиња облека кои се забранети на работното место
Температурите се качуваат, а вам ви паѓа мрак на очи затоа што морате да носите сако и панталони на +40 степени. На помош ви доаѓаат климатизираната просторија и лесните материјали. Сепак ова не е прво, ниту последно вртоглаво жешко лето. Секако, со задоволство би оделе во костим за капење или во исечени, мини фустанчиња, но сепак морате да поставите код на облекување. Иако голем број компании сѐ повеќе дозволуваат слободно облекување на работното место, сепак некои парчиња облека не се пожелни ниту во една фирма.
1. Кроп топ
Минијатурното парче облека е апсолутен хит за ова лето. Лесно е, мало и идеално за плажа или за прошетка. Но едноставно не е за на работа, но ако сепак се одлучите за овој модел, облечете врз него кошула или лесен кардиган.
2. Деколте
Сакате „V“ израз? И ние го обожаваме, но не и оној кој го отвора целото деколте истакнувајќи ги градите. Тоа е навистина премногу за работното место.
3. Апостолки
Без никаков сомнеж, апостолките ни се омилени во текот на летото. Одлични се за плажа и со костимот за капење. Но, замислете да носите комплет и рамни бели апостолки кои ги откриваат прстите и петите, а вие водите некој состанок. Едноставно не оди…
4. Мини здолниште
Уште ако е од тексас, само одминете ја канцеларијата и тргнете да возите ролери. Иако ова парче облека е класика, сепак не е за работна приказна.
5. Шорцеви
Ова би било навистина премногу. Замислете дека морате да бидете учесник во некој корпоративен панел, а вие сте облечени во шорцеви. Можевте да нацртате ваква слика во умот? Не мора да се објаснува повеќе.
А, доколку сте повикани на разговор за работа, тогаш овие модни комбинации ќе ви ја зголемат самодовербата и ќе направат да ја добиете вашата работа од соништата.