5 парчиња облека кои покажуваат дека плишот е тренд број еден за оваа сезона
Секоја сезона со себе носи нешто ново и се чини дека секоја од нив е по нешто посебна и препознатлива. Секоја сезона има свои бои, дезени и материјали, а кога зборуваме за престојаната есен/зима, особено за материјалите, плишот е дефинитивно неприкосновен. Доколку се сомневате во ова, тогаш овие 5 парчиња облека ќе ве разубедат.
1. Фустан
Фустанот од плиш и тоа како потсетува на есен! Плус, ако е во некои типични, богати есенски бои… Совршено! Бордо, темно виолетова, портокалова, окер, кафеава и други бои од природата во есен. На овој начин ќе го освежите вашиот изглед во наредната сезона, а освен тоа ќе изгледате винтиџ, но истовремено и атрактивно и модерно. Комбинирајте го со кратки чизми и кожна јакна и така ќе добиете оригинален спој на „старо“ и „ново“, дамски и бунтовно.
2. Панталони
Можеби панталоните од плиш нема да ги сака секоја девојка, но оние посмелите, а можеби и посериозните кога е во прашање облекувањето, со задоволство ќе ги носат. Во комбинација со друг материјал може да изгледаат доста ефектно, а спојот кој секогаш успева се црни панталони и бела кошула. Оваа комбинација изгледа дамски, класично и отмено. Сепак, за да не изгледате премногу старомодно, задолжително надополнете го вашиот изглед со интересна фризура, темен кармин и ефективен, впечатлив накит во боја на старо сребро или злато.
3. Сако
И сакото од плиш на прв поглед делува старомодно, но и со него можете да добиете оригинална комбинација која ќе ве издвои од толпата. Исто како кожната јакна, и ваквиот модел на сако може да го „зачини“ вашиот изглед и комбинацијата од фармерки и класична бела блуза да ја направи многу ефективна. Освен еднобојна блуза, можете да изберете и блуза со интересен дизајн и на тој начин да си обезбедите допир со рокенрол стилот. Црното сако од плиш навистина го може сето она што го може и „обичното“.
4. Чизми
Доколку и понатаму не ве убедивме да облечете некое поголемо плишено парче облека на себе, тогаш носете го овој материјал во вид на обувки. На пример, чизми што достигнуваат до зглобот, со помала, полна штикла кои ќе бидат вистинско освежување за вашите едноставни комбинации и ќе ги направат тие да изгледаат модерни и стилизирани. Наш совет е да изберете плиш во некоја убава, топла боја, па дури и во фармерки и кошула ќе изгледате како модел.
5. Салонки
За елегантна вечерна или тренди дневна варијанта, одлучете се за салонки од плиш и ќе бидете девојка со вистински стил. Како и во случајот со чизмите, тие ќе бидат одличен детаљ што ќе одговараа за секоја ваша сведена дневна комбинација. Заедно со нив искомбинирајте и интересна чанта и впечатлив накит и спремни сте да ги освоите улиците со вашиот совршен уличен стил!