5 основни правила за отворени љубовни врски

5 основни правила за отворени љубовни врски

Отворените врски се оние во кои партнерите заеднички донесуваат одлука нивниот однос да не е моногамен. Тоа значи дека тие си дозволуваат романтични и сексуални врски со други личности надвор од нивната врска.

5 основни правила за отворени љубовни врски

Овие врски бараат огромна количина разбирање и толеранција, па токму затоа и не сите можат да издржат во нив. Тие се само за оние луѓе кои пред сè сметаат дека моногамијата не е дел од природата на луѓето и бараат други личности кои го делат нивното размислување. Па, доколку сте љубопитни и размислувате да му предложите на вашиот партнер ваков вид љубовна врска, тогаш погледнете ги овие нешта кои мора да ги знаете пред да се впуштите во нешто такво…

1. Искреноста е на прво место

Отворете ги сите карти на маса и искрено разговарајте со вашиот партнер. Објаснете му/ѝ дека уживате да бидете заедно, но и дека во вашиот живот има простор за нова личност, без притоа да го/ја изгубите него/неа. Обидете се да откриете дали вие би можеле да опстанете како пар во ваков однос. Исто така преиспитајте се и обидете се да сфатите дали вашето сфаќање за моногамијата е само моментално чувство или пак, можеби станува збор за долготрајна ситуација. Доколку и двајцата не се сложите дека тоа е најдобар чекор за вашата врска, тогаш разговарајте како би можеле да ја подобрите вашата моногамна врска.

2. Потребни се цврсти правила

Без овие правила отворената врска не може да функционира, па токму затоа тие треба да се почитуваат. И двајцата партнери мора да кажат што точно сакаат од овој однос и потоа да се сложат со тоа. Најчестите правила на успешните отворени врски се:

  • Секс со заедничките пријатели е забранет
  • Сексуалните средби со друга личност не смеат да влијаат врз вашите заеднички планови и обврски
  • Секогаш користете заштита за време на сексот

3. Одредете граници

Ако не сакате да знаете со кој се гледа вашиот партнер, тогаш кажете му/ѝ го тоа. Истото важи и за него/неа, доколку тие не сакаат да слушаат детали за другите личности во вашиот живот, тогаш треба да го почитувате тоа. Јасно одредете ги овие граници и нивното почитување нека ви биде главен приоритет.

4. Бидете подготвени на бура од емоции

Почетниците во отворените врски често не сфаќаат дека овој однос во нив би можел да предизвика огромна љубомора, лутина и замерување. Вие мора да сфатите дека свесно сте влегле во оваа врска и сте му дозволиле на вашиот партнер да се гледа со други луѓе, па токму затоа мора да ги смирите вашите интензивни емоционални реакции доколку сакате овој однос да трае.

5. Ако сте несреќни, ставете крај на врската

Отворената врска мора да биде заедничка одлука, па ако во било кој момент почувствувате дека не ви е веќе пријатно во ваков однос, веднаш кажете му го тоа и на партнерот. Доколку вие престанете да се гледате со други луѓе, а вашиот партнер продолжи со тоа, тогаш веќе не станува збор за отворена врска – туку за врска во која тој/таа ве изневерува. Истото важи и за вашиот партнер, односно доколку тој/таа престане да се гледа со други луѓе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар