5 основни правила на свадбениот бонтон

5 основни правила на свадбениот бонтон

Дали ги знаете основните правила на свадбениот бонтон? Доколку не сте најсигурни, тогаш сега е вистинско време да ги откриете бидејќи сезоната на свадбите е во полн ек. Погледнете ја следнава листа која е составена од нешта кои ниту еден гостин не смее никогаш да ги направи за време на венчавката.

5 основни правила на свадбен бонтон

1. Не им се јавувајте на младенците на денот на свадбата

Вие сигурно сте добиле детални упатства за каде и кога се одржува свадбата како и за сите останати нешта кои треба да ги знаете. Токму затоа ваша обврска е да ги потврдите овие работи пред големиот ден. Но, доколку имате каква било дилема, јавете се кај кој било освен младенците.

2. Не се жалете од младенците

Тие ве сместиле на иста маса со луѓе кои воопшто не ги познавате? Храната не ви е добра? Нема хартија во тоалетот? Во ред е да имате замерки, но овој ден задржете ги само за себе и не ги нервирајте младенците со нив.

3. Не изостанувајте без најава

Понекогаш во животот се случуваат непредвидливи ситуации поради кои едноставно мора да откажете, но доколку неколку недели пред венчавката знаете дека можеби нема да стигнете на настанот, известете ги младенците со време.

4. Не носете бело

Едно од најстарите правила на свадбениот бонтон е дека на венчавката само невестата треба да биде во бело. Ниту една друга гостинка не треба да ја носи оваа боја со цел да не ја засени невестата на нејзиниот голем ден. Придружувајте се колку што можете повеќе до ова правило.

5. Не објавувајте важни новости за вашиот живот

Главните ѕвезди на венчавката треба да бидат младенците, бидејќи тој ден се слави токму нивната љубов. Доколку вие имате големи вести кои би сакале да ги споделите, задржете ги за себе и објавете ги некој друг ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар