5 опасности кои се кријат зад рамните табани

5 опасности кои се кријат зад рамните табани

Човечкото стапало е многу комплексно. Тоа се состои од 26 коски и 33 зглобови, а го движат повеќе од 100 мускули, тетиви и лигаменти. Исто така, стапалата ја носат целата тежина на нашето тело, па токму затоа и се најоптеретениот дел од целото тело. Иако тие се дизајнирани да бидат силни и отпорни, сепак постои еден вид деформација на стапалата која никако не смее да биде игнорирана. Станува збор за рамни табани, кои доколку не бидат соодветни третирани, можат да ви направат многу проблеми понатаму во вашиот живот.

5 опасности кои се кријат зад рамните табани

Симптоми за рамни табани:

  • Линијата на стапалата е спуштена надолу и го допира тлото
  • Болки во петата и лакот на стапалото
  • Непријатности и болки кај прстите за време на стоењето
  • Оток во областа на глуждовите
  • Проблем при пронаоѓање удобни чевли

Фактори кои предизвикуваат рамни табани:

  • Висока телесна тежина
  • Премалку движење за време на детството
  • Повреди на глуждовите
  • Дијабетес
  • Ревматоиден артритис
  • Години

Здравствени проблеми кои настануваат поради рамните стапала:

1. Проблеми со колената – Болките во колената се едни од најчестите потешкотии предизвикани од рамните табани. Тие се појавуваат бидејќи тежината на телото е лошо распоредена, па поради притисокот на коските кои забрзано ја трошат ‘рскавицата на колената, може да се појави проблем на долг рок.

2. Деформација на ножните прсти и стапала – Кога стапалото е подолго време во неприродна положба, неговите мускули ослабуваат и обликот може да му се промени. Стапалото станува подолго и пошироко, а прстите почнуваат да се криват. Токму тоа може да биде многу болно.

3. Болки за време на стоењето или трчањето – Рамните табани го поставуваат ‘рбетот во неприродна позиција. Тоа влијае и врз распоредот на вкупната тежина на целото тело, која погрешно се распоредува. Резултатот е силни болки во стапалата, листовите и нозете за време на подолго стоење или физичка активност.

4. Проблеми со циркулацијата и вените – Притисокот на одредени делови од телото, вклучувајќи ги и крвните жили, може да доведе до лоша циркулација. Тоа најмногу може да се почувствува за време на подолгото стоење, по кое почнуваат да се појавуваат болки во колковите и долниот дел од грбот. На долг рок, ова може да доведе и до проблем со вените.

5. Главоболки – Силните главоболки, кои се појавуваат паралелно со болките во грбот се честа комбинација предизвикана од рамните табани. Поради оваа состојба, мускулите на телото работат под поголем притисок со цел да го стабилизираат самото тело за време на движењето. Но, самото криво држење на телото влијае врз циркулацијата и мускулите, па токму тоа и неретко води кон главоболки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар