5 одвратни факти што треба да ги знаете пред да го бакнете вашето куче

5 одвратни факти што треба да ги знаете пред да го бакнете вашето куче

Сигурно го обожувате вашето куче и сакате да му ја дадете сета љубов на светот, но дали треба да му дозволувате да ви го лиже лицето? За жал, бакнежите на вашето куче не се толку добри за вашето здравје. Постојат неколку одвратни работи што може да се случат кога кучето ве лиже и тие можат да влијаат на вашето здравје и хигиена. Мора да запомните дека кучињата се животни кои не знаат да се грижат за себе и склони се кон некои нечисти навики.

5 одвратни факти што треба да ги знаете пред да го бакнете вашето куче

Постојано се зборува за водење лична хигиена, редовно туширање, миење раце и миење заби. Меѓутоа, многу ретко се дискутираат хигиенските грешки што ги правиме кога станува збор за дружењето со вашиот домашен миленик. Ова се 5-те одвратни работи што може да се случат ако јазикот на вашиот миленик премногу се доближи до вашето лице…

1. Има паразити

Устата на кучињата не е почиста од онаа на луѓето, а во повеќето случаи може да е повалкана поради паразитите што живеат во неа. Усната празнина на животните е полна со габи, бактерии и паразити што пренесуваат вируси.

2. Може да имате проблеми со стомакот

Устата на кучињата е живеалиште на разни видови бактерии, вируси и габи што се пренесуваат и може да ве разболат. Тука спаѓаат и бактериите како што се салмонела, кампилобактер и ешерихија коли, кои предизвикуваат болести на стомакот, треска, повраќање и дијареја. Ако куче што е заразено со овие бактерии ве лизне по лице, тие може да влезат во вашиот организам преку мукозните мембрани на очите, носот или устата.

3. Измет на вашето лице

Колку и да е паметно вашето милениче, кучињата имаат некои многу чудни навики. Па, која е најодвратната од нив? Можете да погодите? Понекогаш, кучињата го јадат нивниот измет, изметот на други кучиња и други валкани отпадоци. Освен тоа, тие го лижат анусот на други животни. Мислиме дека не би сакале таквите работи да бидат во близина на вашето лице.

5 одвратни факти што треба да ги знаете пред да го бакнете вашето куче

4. Може да дојдете во контакт со бесконечно многу бактерии

Само помислете на тоа што сѐ вашето куче душка и лиже во текот на денот. Кучињата чепкаат по канти за ѓубре и се кријат во секакви валкани дупки. Сакате тоа да се најде на вашето лице? Освен тоа, на овој начин вашето милениче може да стане домаќин на голем број инфекции. Во многу ретки случаи, кучешката плунка може да пренесе на луѓето опасна бактерија, позната како Capnocytophaga canimorsus. Според едно истражување од 2006 година, оваа бактерија што се наоѓа во плунката на мачињата и кучињата, била главниот причинител за појавата на менингитис кај некои луѓе. Но, немојте да паничите! Овие болести се јавиле кај многу мала група луѓе кои веќе имале проблеми со имунитетот и биле каснати од куче.

5. Може да се инфицирате со хелминтијаза

Со оглед на тоа што кучињата постојано копаат по земја и го јадат сопствениот и изметот на други животни, може да ви пренесат кружни и цевчести црви ако ви го излижат лицето. Тие можат слободно да влезат во вашиот организам преку носот, очите и устата.

Без разлика колку го сакате вашето куче, мора да поставите некои граници за доброто на вашето здравје. Овие вируси и болести може да бидат непријатни и сериозни, па затоа најдобро е да ги одбегнувате и да ги сведете бакнежите со вашето куче на минимум.

Прочитајте ги и следниве 7 болести кои може да ви ги пренесат вашите домашни миленици.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар