5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

Во свет и време кога толку многу информации ни се дадени како на послужавник, игноранцијата е сопствен избор. Но доколку сте дел од оние кои секогаш се стремат да научат повеќе и да го надградат своето знаење, ова се 5 одлични и исплатливи начини како да научите повеќе за она што ве интересира.
5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

1. Интернет семинари и форуми

Слушањето на онлајн-семинари најчесто е бесплатно, а лесно може да најдете семинар без разлика на вашето поле на интерес. Како да го надградите својот бизнис, како до успешна маркетинг стратегија, влијанието на социјалните мрежи, итн. Сè што треба да направите е да ги пребарувате клучните поими на темата која ве интересира. Некогаш можеби ќе пробаат да ви продадат нешто, но не мора да купувате ништо друго, освен знаењето кое, нели, во овој случај е бесплатно.

Исто, на интернет многу лесно може да пребарувате и читате форуми на најразлични теми. Се двоумите за нешто, ви требаат повеќе мислења и слично? Посетувајте различни форуми каде ќе чуете многу размислувања како и предлози и идеи.
5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

2. Семинари

Доколку подобро учите кога имате контакт во живо со оној кој зборува, тогаш одлучете се за посета на семинари. Информирајте се дали има и кои се семинарите кои би можеле да ги посетувате бесплатно или кои се поевтини. Може да научите многу, а што е најважно од сè ќе имате можност за интеракција со други личности со кои имате заеднички интереси, како и да создадете многу нови контакти и да го проширите кругот на пријатели.

3. Тренинзи и курсеви

Разликата меѓу семинари и курсеви е во тоа што семинарите обично се наменети за поголема група, додека за курсевите обично се формираат помали групи и имате многу поголема интеракција со оној кој предава. Може веднаш да го тестирате она што сте го научиле и да добиете поголемо внимание. Ретко кои курсеви се сосем бесплатни, но ги има. Ако не бесплатни може да најдете поевтини, а најчесто доколку најдете уште неколкумина кои се интересираат за тој курс може да добиете групен попуст. Доколку полесно учите во помали групи со интеракција на повисоко ниво, курсевите се подобра опција за вас.
5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари

4. Книги

Да, читањето книги звучи по малку застарено имајќи ја предвид новата технологија. Но, да не заборавиме дека книгите никогаш нема да излезат од мода. Не само што може да најдете евтини примероци, туку може да ги купите на старо, да ги позајмите, или пак да ги најдете онлајн. Без разлика дали би ви помогнале книги кои ќе ви ги надградат знаењата на професионално ниво, или пак барате книга за самопомош или едноставно мисла или идеја која ќе ви го смени животот, книгите ви нудат што и да ви треба. Плус, сами одлучувате кога ќе читате односно учите и си создавате амбиент што најмногу ви се допаѓа вам.

5. Онлајн-курсеви

Не сите онлајн-курсеви се бесплатни, но постојат, па зошто да не ги искористите за надградување на вашите знаења? Особено лесно е да најдете онлајн курсеви за странски јазици, а преку Open culture може да слушате снимени курсеви од познати факултети, на која било тема, бесплатно.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар