5 одлични коктели со пиво за љубителите на овој освежителен пијалак
За овие коктели ќе ви бидат потребни само неколку секунди, а тие без сомнение ќе бидат главна тема на разговор помеѓу вашите пријатели. Најдобриот дел е што сигурно сите состојки веќе ги имате во вашиот фрижидер, па не мора воопшто да излегувате од вашиот доколку сакате да ги направите. Исто така, овие рецепти лесно можат да се дуплираат, ако сакате да направите поголема количина за вашите најблиски. Сериозно, кој вели дека пивото мора да биде здодевно?
Биргарита
- 1 шише пиво
- 160 милилитри џус од лимета
- 14 милилитри нектар од агаве или мед
- 1 кора од лимета
- За декорација: 1 парче лимета
Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!
Бирмоза
- 1 шише пиво
- 60 милилитри џус од портокал
- 120 милилитри шампањ
- За декорација: 1 парче портокал
Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!
Ледено ирско кафе
- 60 милилитри свежо филтер кафе
- 40 милилитри ирско виски
- 1 лажица шеќер
- 60 милилитри Гинис
- 15 милилитри млеко
Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!
Лимоново колаче
- 1 лажица шеќер
- 3 лимони, свежо исцедени
- 1 шише пиво
Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!
Сангрија со пиво
- 15 грама малини
- 15 грама зелена јаболка, исечкана
- 15 грама портокали, исечкани
- 60 милилитри вотка
- 1 шише пиво
Комбинирајте ги сите состојки заедно и уживајте!