5 нови начини на коишто можете да ги носите тексас јакните оваа есен
Тексас јакните се одлично парче облека за во есен и речиси и да не постои девојка што ја нема во својот плакар. Но, како поинаку можете да ја носите оваа есен? Еве 5 предлози коишто ќе ви помогнат во вашиот избор.
1. Носете ја наместо кошула
Закопчајте ја, исправете ја јаката и спремни сте.
2. Над свилена блуза со машна
Еден од најголемите трендови оваа сезона – свилените блузи од осумдесеттите, додаваат неочекуван контраст на омилената тексас јакна.
3. Комбинирајте ја со фармерки со висок струк
Двојниот тексас не е ништо ново. Но, овој пат комбинирајте со потемни фармерки што започнуваат повисоко од долниот крај на вашата јакна.
4. Носете ја под друго палто
И ќе изгледате едноставно неодоливо!
5. Можете да ја разубавите со различни брошови или натписи
Украсувањето е повторно во мода. Зашијте си некои модни детали и создадете необично парче облека.