5 нови начини на кои можете да го носите вашиот краток црн фустан
Црниот фустан одговара речиси во секоја прилика и можете да го носите во секоја сезона. Но, најмногу зависи од тоа како ќе го комбинирате. Доколку и вие сте љубители на ова парче облека, тогаш време е да погледнете пет нови начини на кои можете да го носите.
1. Марама со каиш
Марамите во вид на ќебе се човечки кожурци и истите треба да ги носите како такви. Тие се пријатен моден додаток на вашиот краток црн фустан, но во деновите кога сакате поелегантен изглед, ставете и каиш околу половината.
2. Со светкави додатоци
За оние кои обожаваат вечерни излегувања, одлична е комбинацијата на краткиот црн фустан со впечатлив накит и потпетици. Прекрасните модни додатоци се тренд подолго време, па затоа, изберете го омилениот накит и подгответе се за многуте погледи кои ќе ви бидат упатени.
3. Под слоеви облека
Ставете топла плетена блуза преку вашиот фустан, а во постудените денови можете да комбинирате и јакна врз нив. Потоа, ставете ги омилените чевли, што одлично би одговарале и со големи обетки.
4. Со високи чизми
Комбинацијата на краток црн фустан и високи рамни чизми е една од најдобрите кога станува збор за зимските денови. Додајте го и вашето палто и ќе бидете подготвени. Исто така, доколку сте љубители на марами, додајте една и ќе имате совршен изглед.
5. Над панталони или фармерки
Носењето фустан со панталони не е нешто ново, но треба да ги знаете правилата за оваа сезона со цел да изгледате најдобро. Важно е да внимавате на пропорциите. Должината до околу колената е добра, затоа што нешто пократко нема да изгледа толку добро. Одлучете се и за некои модни додатоци за да додадете посвеж изглед. Нема да погрешите доколку ставите сомотни чизми и чанта со синџирче.