5 неверојатни употреби на сода бикарбоната
Сте знаеле ли дека сода бикарбоната може да има безброј придобивки во вашиот живот? Погледнете го ова одлично видео кое ќе ви покаже 5 одлични начини на кои таа може да ви помогне во вашето секојдневие…
1. Храна за вашите растенија – Освежете ги вашите цвеќиња така што одвреме-навреме ќе ги полевате со 1 лажичка сода бикарбона, растворена во 2 литри вода. Вашите цвеќиња ќе ви бидат благодарни!
2. Помош при изгореници – Следниот пат кога ќе се изгорите на шпоретот, брзо турете малку сода бикарбона во сад со вода со мраз, потопете крпа или газа во неа и потоа поставете ја на изгореницата. Нанесувајте сè додека изгореницата не престане да ви предизвикува чувство на топлина.
3. Одржување на хигиената – Последниот оброк ви содржел премногу лук или кромид? Нема проблем. Во половина чаша со вода турете една лажица сода бикарбона и потоа прочистете го вашето грло со помош на оваа мешавина која веднаш ќе ја неутрализира непријатната миризба. Таа исто така е и природен дезодоранс, па и покрај тоа што нема да мирисате на цвеќиња по нанесувањето на една лажичка сода бикарбона под вашите пазуви, сепак нема да мирисате ни на спротивните екстреми.
4. Омекнување на месото – Нанесете малку сода бикарбона на сировото месо, оставете го во фрижидер од 3 до 5 часа и потоа добро исплакнете го пред готвење. Местото ќе биде толку меко, што ќе се топи во вашата уста.
5. Освежувач на простории – Доколку сакате да ги неутрализирате непријатните миризби во просторијата, шкафот или фиоките, тогаш турете 3 до 5 супени лажици сода бикарбона во чист чорап и заврзете го на врвот и сместете го некаде каде што нема да се забележува. Во текот на месецот вашата просторија ќе биде многу посвежа од претходно…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.