5 нешта за кои никогаш не би рекле дека се добри за вашата љубовна врска

5 нешта за кои никогаш не би рекле дека се добри за вашата љубовна врска

Постојат многу стереотипи за тоа што е нормално во една врска, па затоа и многу луѓе имаат погрешна перцепција за квалитетите на својата врска. Имајќи го тоа на ум, иако следниве 5 нешта се сметаат за непожелни во љубовта, понекогаш можат да бидат клучни при создавањето многу поквалитетна и поздрава врска!

1. Несогласувања

Постојат парови што никогаш не се караат, но тие ретко имаат здрава љубовна врска. Несогласувањата и караниците се сосема нормална појава, дури и пожелна затоа што преку нив подобро ја спознаваме личноста со која сме во врска додека истовремено учиме и што нам ни се допаѓа, а што не.

2. Себичност

Иако овој збор звучи многу негативно, во нормални количини себичноста може да биде многу здрава. Оваа карактеристика е клучна во врските бидејќи ако постојано се жртвуваме себеси за да ја направиме другата личност среќна, ниту едниот, ниту другиот нема да биде целосно задоволен. Потребна е барем мала доза себичност за да не заборавиме на себе и на своите потреби.

3. Оддалеченост

Паровите што се постојано заедно не се ништо посреќни од оние што живеат на илјадници километри оддалеченост. Понекогаш дури и се помалку среќни бидејќи немаат доволно простор за себе. Повременото одвојување од партнерот е клучно за одржување здрава и цврста врска. Од друга страна пак, на овој начин можете да спречите и развивање зависност од партнерот.

4. Премолчување

Тајната на долготрајна и здрава врска вклучува неколку премолчувања во клучни моменти. Понекогаш е многу подобро доколку сокриете некои работи или ги задржите само за себе доколку спротивното може да предизвика само лошо. Не зборуваме за лажење, мамење и слично, туку балансирање за доброто на врската.

5. Невино флертување со трето лице

Уште веднаш да кажеме дека не мислиме на бакнувања и секс, туку на краток флертувачки разговор без никаков физички контакт. Ова не само што е сосема соодветно во долгите врски, туку е и здраво за двајцата партнери. На тој начин повеќе ќе се цените што се имате, но истовремено и ќе бидете посамоуверени затоа што знаете дека сте посакувани и од други луѓе покрај вашиот партнер.

До сите оние со големи срца и уште поголеми емоции: Не извинувајте се за вашата љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар