5 нешта што сите љубовни парови треба да ги направат во првата година од врската
Постојат многу совети за тоа како да ја препознаете, да ја одберете и да ја задржите вистинската личност покрај себе. Најверојатно досега, без разлика на бројот на искуствата, сте сфатиле дека не постои само еден идеален партнер за секој човек на оваа планета, како и дека без постојани обиди и учења за тоа што навистина го сакате од врската, едноставно нема никакви шанси да изградите среќна долга врска.
Повеќето психолози исто така ќе ви кажат и дека ако не сте премногу млади, не морате да поминувате со некого повеќе од неколку месеци за да добиете слика за каков би ви бил животот со него. Сè што треба да направите е да обрнете внимание на малите ситници и клучните фактори што укажуваат на здравјето на една врска и ќе знаете каква личност имате покрај себе. Но, кои се овие нешта?
Во продолжение следуваат 5 активности во коишто сите љубовни парови треба да уживаат уште во првата година од врската. Ако тоа се случи, тогаш знаете дека имате добра личност покрај себе и големи се шансите вашата врска да трае уште многу години.
1. Заедничка подготовка на вечера
Ова е одличен начин да откриете каков какви сте кога станува збор за тимска работа. Кој сака да биде помошник, а кој главен шеф? Ова откритие важи за сите области во вашиот живот, не само за во кујната. Тимската работа е клучна за успехот на врската, па ако успевате заеднички да подготвите едноставна вечера, спремни сте и за поголеми предизвици!
2. Заедничко патување надвор од градот (или државата)
Без разлика дали станува збор за еднодневен излет, или пак за повеќедневно патување, ова е совршениот начин и двајцата да се покажете во вистинското светло. Никој не може да ја одржува својата маска 24 часа во денот, па затоа и патувањето е одличен начин да ја откриете секоја страна од вашиот карактер.
3. Сериозна караница или долга расправија
Дури и ако не сте личност што вообичаено се кара, ова мора да се случи барем еднаш во годината. Ако нема никакви караници меѓу вас, големи се шансите дека едната личност е премногу трпелива и допушта сè, дури и кога не сака тоа да се случува. Караницата е здрав начин на средување проблеми во врската. Сепак, имајте на ум дека ако често се случува, тогаш е знак на проблем.
4. Запознавање на неговите/нејзините родители
Ако нештата меѓу вас се навистина сериозни, големи се шансите дека ќе се запознаете и со родителите во текот на првата година од врската. Не само што ова е одличен знак за траењето на вашата врска, туку вие исто така ќе имате можност и да видите како работи генетиката на вашиот партнер.
5. Уживање во тишина
Не нè сфаќајте погрешно, нема ништо подобро од долгите разговори што ќе ве натераат да изгубите осет за времето. Но, понекогаш, тишината може да биде многу помоќна од сите зборови што постојат на овој свет. Ако во текот на првата година од врската можете да уживате во пријатна тишина меѓу вас, тогаш без сомнение, вие сте ја нашле вистинската личност!
Не е бракот за секого: 3 фактори кои влијаат дали ќе се омажите/ожените или не.