5 нешта што се случуваат кога консумирате премногу млечни производи
Дали млечните производи се здрава храна или се токсични за човечкото тело? Многу луѓе веруваат дека точно е првото, но бројните истражувања покажуваат дека точно е второто мислење. За да се пронајде одговорот потребно е да се разгледаат неколку фактори.
За почеток, поголемиот дел од популацијата има нетолерантност на лактоза. Помеѓу втората и третата година од животот, 60% од населението ја губи способноста да произведува лактаза која е одговорна за дигестирањето на лактозата. Лактозата е шеќер кој не само што е тежок за дигестирање, туку има и многу калории. Количеството шеќер во лактозата го зголемува нивото на инсулин што води до воспаленија, како и до зголемување на телесната тежина.
Покрај тоа, докажано е дека кравјото млеко и сирење создаваат зависност. Причината е што содржат млечен протеин наречен касеин кој наликува на дрога. Касеинот има својства што предизвикуваат зависност и им е од помош на телињата. Но, кај луѓето баш и не помага. Касеинот е загрижувачка состојка бидејќи многу истражувања ја поврзале со рак, зависност од храна и дијабетес.
Важно е да се спомене дека млечната индустрија е одговорна за голем дел од уништувањето на околината. Речиси 270 милиони млечни крави се користат за производство на млеко, и тоа само во САД. Преработката на кравјото млеко предизвикува повисоко ниво на јаглероден диоксид и емисија на стакленички гасови.
Исто така може да се каже дека е навистина сурово да терате некое животно да биде бремено во текот на целата година. Важно е да се земе предвид дека пред околу 10.000 години никој не консумирал млеко за калциум, витамин Д или протеини. Наместо тоа се потпирале на растенија. Ако консумирате премногу млечни производи, можете да ги очекувате следниве нешта.
1. Зголемен ризик од рак
Според бројни истражувања, млечните производи се водечката причина за рак на проста, дојка, тестиси и дебело црево. Кога ќе се земе предвид дека илјадници луѓе умираат од овие болести секоја година, можеби од корист на сите ќе биде да се откажат од млечните производи. Покажано е дека исхраната богата со растенија е најдобриот начин да го спречите ракот, но и многу други болести.
2. Млечните производи го стареат телото
Млечните производи се едни од најтешките за дигестија. Бидејќи оваа храна е кисела, создава слуз и го поддржува лимфниот систем, се верува дека го забрзува и стареењето. За да го продолжите вашиот живот, се препорачува да консумирате многу овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семиња, зелен лиснат зеленчук и слично. Пијте многу вода, поминувајте барем 15-20 минути на сонце и намалете го стресот што е можно повеќе.
3. Лошо здравје на кожата и стомакот
Кожата е најголемиот орган во телото. Она што не може да се филтрира преку бубрезите, излегува од кожата. Всушност, мозолчињата и осипите се јасен знак дека е нарушена работата на црниот дроб и дигестивниот систем. Консумирањето млечни производи може да предизвика појава на акни, црвенило и заморен изглед. Причината е тоа што млечните производи се многу кисели. Откако се откажале од млечните производи, повеќето луѓе забележале подобрување на состојбата на нивната кожа.
4. Дигестивни проблеми
Бидејќи млечните производи го воспалуваат стомакот, можат да се појават хронични дигестивни проблеми. Кога е нарушена работата на стомакот, со текот на времето можат да се развијат автоимуни болести. Многу луѓе кои се откажале од млечните производи забележале дека состојбите како Кронова болест природно се лекуваат по некое време. Исто така луѓето се чувствуваат многу подобро кога не консумираат млечни производи.
5. Зголемен ризик од остеопороза
Спротивно на популарното мислење, млечните производи не се добри за здрави и јаки коски. Истражување од 2005-та година покажало дека консумирањето млеко не ја зголемува густината на коските кај децата. Во поново истражување кое следело 72.000 жени во текот на 18 години, се открило дека нема никакви заштитни ефекти од скршеници со зголемено консумирање млеко. И покрај тоа што има многу калциум, млекото е многу кисело. Кога ацидозата станува хронична состојба на телото, калциумот „излегува“ од коските и може да води до остеопороза. Најдобро е да користите растителна храна како извор на калциум. Овде спаѓаат кељ, бадеми и смокви. Оваа храна ги намалува и воспалителните процеси во телото, со тоа продолжувајќи го вашиот живот.
Погледнете и како да ги зајакнете вашите коски без млечни производи.