5 нешта што се случуваат кога ќе се опкружите со вистинските луѓе и каде да ги најдете!
Колку пати досега во животот сте сакале да направите нешто и тоа сте му го спомнале на некој ваш пријател или роднина коj веднаш ве исполнил со толкава негативност што на крај сте снемале енергија и сте се предале? Или, личноста ви покажала дека премногу работи не се во ред со идејата, па сте се убедиле дека не можете да го направите тоа или дека не сте доволно добри за да ја остварите.
Можеби вие сте најпозитивната личност, но сепак луѓето околу вас влијаат врз вашите одлуки и однесување. Нивното влијание во вашиот живот се одразува на вашите мисли, одлуки, самодоверба и способноста да го следите зацртаниот план.
Ова се 5-те нешта што се случуваат кога ќе се опкружите со вистинските луѓе:
- Вашата перцепција за животот и за тоа кои сте како личност стануваат многу подобри.
- Ќе постигнете ново ниво на оптимизам и страст да го правите она што го сакате.
- Развивате чувство за цел и порив за она што сакате да го правите во животот.
- Фокусирани сте и мотивирани да направите план и да го остварите.
- Станувате пофокусирани на целта.
Каде може да ги најдете ваквите луѓе?
- Настани поврзани со конкретна индустрија, обуки, состаноци на здруженија и професионални настани.
- Постари личности на местото каде што работите. Сепак внимавајте на ова, може да имате ментор на кој длабоко му се восхитувате, а тој да посакува и да го очекува вашиот неуспех. Пред личноста да ви стане ментор, тестирајте ја колку е таа спремна да ви помогне и дали навистина нејзините намери се искрени.
- На конференции и јавни говори. Одете на бесплатни настани и инвестирајте во неколку платени, секако ако можете да си дозволите.
- Ако ниедна од овие опции не ви се допадна, тогаш интернетот е секогаш тука за вас – Шерил Сендберг и Аријана Хафингтон се само дел од личностите кои можат да ви помогнат. Тие имаат многу онлајн говори и голем број книги кои можете да ги спуштите. Добра опција е да ги следите на Твитер и Фејсбук.
- Другите онлајн можности вклучуваат блогови, форуми и веб-сајтови од одредена индустрија.
Не им приоѓајте на овие луѓе како да се вашите херои. Тие се нормални луѓе исто како што сте вие. Развијте стратегија за секоја активност во којашто ќе се впуштите. Идентификувајте ги луѓето со кои сакате да се поврзете, а потоа пристапете им така што ќе им покажете дека сакате искрена, професионална врска од која двете страни ќе имаат корист. Поврзете се со нив на социјалните мрежи како Линкдин и Твитер, но држете се понастрана од Инстаграм.
Со какви истомисленици би требало да се поврзете?
Земете пенкало и направете листа од 5 луѓе кои сметате дека го претставуваат местото каде што би сакале да бидете – луѓе кои ги симболизираат квалитетите што ги посакувате. Тие се луѓето со кои сакате да се опкружите. Барајте ги – онлајн и офлајн – и најдете начин да се поврзете со нив.
Понекогаш негативните луѓе се дел од фамилијата или ви се блиски така што не можете да се оттргнете од нив. Сепак, не ви препорачуваме сосема да ги исклучите од вашиот живот, туку да го намалите нивото на контакт. Не поминувајте многу време околу ваквите луѓе. Запомнете дека ова е за тие 5-те луѓе со кои го поминувате најголемиот дел од времето. Исклучете ги оние кои сметате дека наместо да ви помогнат да ги реализирате вашите цели, ве попречуваат во тоа.
Сите значајни луѓе во вашиот живот треба да ве воздигнуваат, да ви даваат сила и да ве прават подобра и посилна личност. Со тоа што ќе изберете со кого сакате да го поминете вашето време, правите свесна одлука да ја обликувате вашата иднина така како што вие сакате.