5 нешта што предизвикуваат тврд стомак - дали треба да бидете загрижени?

5 нешта што предизвикуваат тврд стомак – дали треба да бидете загрижени?

Постојано се зборува за тоа како да добиете цврсти стомачни мускули, но тврдиот стомак не e секогаш добар знак. Всушност, доколку имате многу сало на стомакот, кој истовремено е и тврд, тоа може да биде знак за посериозен проблем.

5 нешта што предизвикуваат тврд стомак

Тврдиот стомак може да биде како темпирана бомба во вашето тело и покажува дека сте изложени на ризик од заболувања на срцето и дијабетес. Исто така, оваа појава може да биде полоша од пушењето или високиот холестерол. Погледнете кои се причинителите за тврдиот стомак.

1. Премногу масни наслаги

Првата можна причина за тврд стомак се наталожените опасни висцерални масти. Овие масти се сместуваат во просторот помеѓу органите и стомачната празнина, па го туркаат стомачниот ѕид кон надвор. Овие масни наслаги не се тврди, но ткивото на стомакот е. Тврдиот и изобличен пивски стомак е предизвикан таложење на висцерални масти, додека пак, мекиот стомак е знак за масни наслаги кои се наоѓаат под површината на кожата.

2. Генетска предиспозиција за таложење висцерални масни наслаги

Веројатно се прашувате што го предизвикува таложењето на висцералните масти. Тоа може да зависи од возраста, хормоните, но и од вашите гени. Едно истражување од 2017-та година покажало дека речиси 50% од дистрибуцијата на мастите е одредена од генетиката.

3. Мажите се посклони на пивски стомак

Друго истражување покажало дека жените се изложени на поголем ризик од развој на здравствени проблеми предизвикани од големото количество масти во телото. Кај мажите пак, многу почесто се појавува таканаречениот пивски стомак.

4. Претерано седење

Исхраната и животниот стил исто така имаат големо влијание на оваа појава. Претераното седење е поврзано со вишокот висцерални масти. Проблемот може да го предизвика и нередовната физичка активност, консумирањето мрсна храна, како и преработената храна. Кај жените поверојатно е да се појават поткожни отколку висцерални масни наслаги, но после менопаузата се забрзува таложењето и на вторите.

5. Нездрава исхрана

Едно истражување покажало дека зголеменото внесување рафинирани житарици може да го зголеми количеството масти кои се таложат во пределот на стомакот. Од друга страна, ова не важи за житариците од цело зрно, кои се всушност здрави.

Експертите предупредуваат дека здравствените ризици, како кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2, кои предизвикуваат вишок висцерални масти, се присутни дури и ако не сте дебели. Според истражување од 2015-та година, луѓето со пивски стомак но здрава тежина, сепак имале поголем ризик од смрт за разлика од луѓето кои немале покачено ниво на висцерални масти.

Како да се ослободите од тврдиот стомак?

Кога ќе ја знаете причината за тврдиот стомак, како и постоечките ризици, време е да се ослободите од него. Намалувањето на само 5% до 10% од телесната тежина го намалува количеството на висцерални масти за 25% до 40%. Голема разлика прави и консумирањето житарици од цело зрно и намаленото внесување шеќер. Исто така, важно е да го избегнувате седењето и да најдете време за вежбање. Кардио вежбите се покажале како одлични за намалување на висцералните масти.

Погледнете ја и оваа мапа која открива што ви е според местото каде што ве боли стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар