5 нешта кои секој пар треба да ги доживее во првата година од врската

5 нешта кои секој пар треба да ги доживее во првата година од врската

Психолозите би ви рекле дека се доволни само неколку месеци со цел да ги откриете основните карактеристики на нечија личност. Кога тоа ќе се случи, вие веќе знаете дали тој или таа ќе остане покрај вас подолго или пак, станува збор за само минлива врска од неколку недели или месеци. Токму овие нешта можат да ви помогнат да откриете дали врската во која моментално сте има иднина.

5 нешта кои секој пар треба да ги доживее во првата година од врската

1. Со заеднички сили подгответе вечера

Ова е одличен начин да откриете како функционирате во тимската работа. Кој од вас сака да биде помошник, а кој главниот шеф во готвењето може многу да ви каже и како овие улоги би се распределиле понатаму во вашиот заеднички живот. Тимската работа е клучна за секоја врска, бидејќи без неа не може да има успех.

2. Одете на кратко или долго патување

Без разлика дали е еднодневен излет, викенд прошетка или повеќедневен одмор, доколку патувате со некого вие ќе си овозможите одличен начин да го/ја запознаете во своето вистинско светло. Соочувањето со различни ситуации, кои најчесто се сосема непланирани, можат да ви дадат одличен увид во неговиот или нејзиниот карактер.

3. Имајте ја првата сериозна караница

Дури и ако не сакате караници, првата расправија во период од 365 дена е неизбежна. Доколку некако успеете да ја избегнете, тоа може да значи дека еден од вас е претерано трпелив и премногу му угодува на другиот, можеби дури и несвесно. Конфликтот е сосема нормален, но и здрав за врската и нејзиното понатамошно развивање.

4. Запознајте ги неговите/нејзините родители

Можеби ова нема да се случи во првите неколку месеци, но дефинитивно треба да се случи до крајот на првата година. Генетиката не е наивна наука, па токму затоа и можете да видите од какво семејство тој или таа потекнува, како и кои биле размислувањата и ставовите со кои тие растеле.

5. Уживајте во тишината

Немојте погрешно да сфатите, долгите разговори носат многу придобивки со себе, но вие мора да научите дека и молчењето има свои врлини. Доколку не ја чувствувате тишината како нешто непријатно, тогаш дефинитивно знаете дека сте доволно блиски за вашата врска да трае уште долго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар