5 нешта кои никогаш не треба да ги правите на Фејсбук

5 нешта кои никогаш не треба да ги правите на Фејсбук

Фејсбук е навистина моќна алатка кога станува збор за поврзување со вашата фамилија и пријателите, но тој исто така има и темна страна. Доколку се борите со чувства на љубомора, несигурност, депресија или лутина кои се предизвикани од страна на комуницирањето на Фејсбук, не грижете сè, не сте единствени. Токму затоа, доколку сакате да ги избегнете овие чувства, потребно е да престанете да ги правите наредниве неколку нешта на Фејсбук…

5 нешта кои никогаш не треба да ги правите на Фејсбук

1. Не го шпионирајте вашиот партнер преку Фејсбук

Доколку сте во романтична врска и имате проблеми со довербата, многу е лесно да започнете да го шпионирате вашиот партнер со помош на Фејсбук. Некои луѓе дури и ги надминуваат сите граници, па токму затоа тајно се вклучуваат во акаунтот на нивниот партнер со цел да им ги читаат пораките. Верувајте, ова никогаш не завршува добро. Доколку се чувствувате несигурно или имате проблеми со довербата кон вашиот партнер, не барајте одговори на вашите прашања на Фејсбук. Наместо тоа, обидете се да разговарате лице в лице и заедно со вашиот партнер, смирено да ги решите вашите проблеми.

Имајте на ум дека понекогаш дури и ако немате проблеми со довербата, константното проверување на неговиот/нејзиниот профил може да доведе до појава на неоснована љубомора која исто така може да има негативен ефект врз вашата врска.

2. Не го споредувајте вашиот живот со оној на вашите пријатели преку Фејсбук

Никогаш порано не сме имале можност да ги набљудуваме и анализираме деталите од животите на луѓето кои ги познаваме, но и покрај тоа што изгледа како тие да ни отвориле врата кон нивниот живот, работите не секогаш се онакви како што изгледаат. Фотографиите кои вашите пријатели одлучуваат јавно да ги споделат се внимателно одбрани и ја покажуваат само позитивната страна од сите нивни доживувања. Размислете, на Фејсбук, никој никогаш нема лош ден.

Можеби е забавно да се разгледуваат фотографиите од авантурите на вашите пријатели, но доколку не внимавате тоа може да се претвори во опсесија која ќе направи да се чувствувате како вашиот живот да е досаден и монотон. Токму затоа наместо да го споредувате вашиот живот со оној на вашите пријатели, обидете се да се одјавите од Фејсбук и да си направите ваша луда авантура. Направете нешто ново, исполнете го вашето секојдневие и задржете си ги овие сеќавања за вас. Доколку сте навистина задоволни од вашата сегашност, вие нема да имате потреба да ги покажувате вашите постигнувања на Фејсбук ниту пак, ќе бидете заинтересирани за фотографиите на вашите Фејсбук пријатели.

3. Не напаѓајте друга личност преку Фејсбук

Фејсбук не е форум на кој можете да го истурите вашиот бес. Доколку имате потреба да нападнете одредена личност на социјална мрежа, можеби е време да земете длабоко воздух и да го исклучите компјутерот. Размислете малку, зарем би сакале да ги покажувате јавно вашите лични проблеми за сите луѓе да можат да ги можат да ги прочитаат? Постои едно златно правило кое сите би требало да го почитуваме:

„Доколку не сакате тоа да биде објавено на насловната страна на весник, не го пишувајте!“

4. Не започнувате сериозен разговор за вашата врска на Фејсбук

Фејсбук, исто како и СМС-пораките, може да доведе до огромни недоразбирања. Доволен е само еден коментар кој е погрешно сфатен за да се појават чувства на тага, лутина или огорченост кои понатаму можат само негативно да влијаат врз вашата врска. Едноставно е невозможно секогаш да можете да го претпоставите тонот со кој била напишана пораката, бидејќи Фејсбук е јавна и најчесто неформална платформа за комуникација, па токму затоа кога станува збор за сериозен разговор, трудете се да го направите офлајн и во 4 четири очи. На овој начин ќе ги избегнете сите оние нешта кои можат да доведат до непотребни недоразбирања.

5. Не ги „демнете“ луѓето кои ве привлекуваат преку Фејсбук

Ова правило важи за сите оние кои не се во врска. „Демнењето“ преку Фејсбук ги зацврстува сите оние несигурности кои веќе ги чувствувате во себе, а токму тоа може да доведе до намалување на вашата самодоверба и среќа. Токму затоа бидете малку старомодни и фокусирајте се на организирањето средби во реалниот свет, како на пример, социјални настани, спортски настани или пак, излегување со група пријатели. Верувале или не, поголеми се шансите на овој начин да започнете врска со личноста која ви се допаѓа, отколку доколку бескрајно чекате тој/таа да ви пише порака само затоа што вие сте му/ѝ лајкнале одреден статус…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар