5 неодоливи постапки на мажите кои предизвикуваат секоја жена да се стопи

5 неодоливи постапки на мажите кои предизвикуваат секоја жена да се стопи

Мажите, понекогаш дури и без да забележат, прават некои работи кои сите жени ги сметаат за неодоливи. Тие со овие постапки имаат силно влијание врз жените, правејќи нивното срце да се разигра и да почнат да се топат од внатре. Сигурни сме дека секоја жена барем еднаш ги искусила овие ситуации и се почувствувала прекрасно, па токму затоа се надеваме дека мажите никогаш нема да престанат да ги прават…

5 неодоливи постапки на мажите кои предизвикуваат сите жени да се стопат

Кога ќе одлетаат со мислите додека гледаат во вас

Еден од највозбудливите моменти во љубовните состаноци е оној кога ќе забележите дека тој ве набљудува, целосно изгубен во мислите и не забележувајќи дека вие сте го уловиле неговиот поглед. Ова е еден од оние моменти кои секоја жена сака вечно да траат, бидејќи токму тогаш таа се чувствува прекрасно, секси и привлечно.

Кога непланирано ќе кажат некој импресивен податок

Интелигенцијата може да биде многу секси, особено кога таа ќе се покаже на неочекуван и непланиран начин. Да, жените често се привлечени од силни мажи кои изгледаат добро, но повеќето од нив повеќе сакаат мажи кои ќе можат и интелектуално да ги стимулираат. Покрај физичката привлечност, нив им е потребен и маж кој ќе знае како со зборови секојдневно да ги освојува.

Кога држат бебе во своите раце

Зарем има нешто што може да ви побуди посилни чувства од погледот кон мало и слатко бебе во силни и заштитнички машки раце? Се топите од самата помисла, нели? Природата на жените постојано влијае врз нивното одбирање романтични партнери, па токму затоа доколку таа смета дека тој би бил добар татко, веднаш „паѓа“ на неговиот шарм.

Кога без причина ќе ве изненадат со цвеќе или чоколадо

Без разлика дали станува збор за диво цвеќе кое тој го собрал по пат накај вас, прекрасен букет со црвени рози или пак, за вкусни чоколади кои се топат во вашата уста, ниту една од вас нема да успее да ја намали насмевката на лицето, ниту пак заљубениот поглед кога ќе добие ваков неочекуван подарок со многу внимание.

Кога ве бакнува во образ или во чело

Бакнежите се составен дел од секоја љубовна врска, но кога тој без никакво предупредување ќе ја тргне косата од вашето лице и ќе ве бакне нежно во образ или во чело и потоа силно ќе ве прегрне, чувствата кои ќе заиграат во вашиот стомак се незаменливи. Токму во тој момент сфаќате дека тој целосно го освоил вашето срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар