5 негативни ставови кои нема да ви донесат ништо добро

5 негативни ставови кои нема да ви донесат ништо добро

Кога ќе се соберат и одземат многуте негативни мисли што на сите ни се вртат во глава, остануваат 5-те најчести, кои се и најголемите ментални, емотивни и мотивациски кочници. Никогаш ништо добро не излегло од нив. Тие ги намалуваат чувствата на задоволство, среќа, исполнетост и успех. Прочитајте за кои негативни мисли станува збор и како да ги трансформирате…

5 негативни ставови кои нема да ви донесат ништо добро

1. „Не сум доволно добар/а“

Има ли нешто полошо од овој став? Можеби не сте најдобрите родители, спортисти или колеги на светов. Никој не е совршен и сите имаме недостатоци, но не е потребно да си ја повторувате оваа реченица. Помислете на луѓето околу вас кои навистина имаат многу ограничувања, како на пример оние кои не можат да се движат, кои се борат со некоја сериозна болест и кои имаат многу помалку избори од вас. Помислете на тоа колку многу луѓе постојат кои напишале книга по доживеаната несреќа, им помагале на другите и слично. Дали тие би успеале кога би мислеле дека не се доволно добри? Фатете се за работа! Започнете некое хоби, пишувајте, сликајте… Усовршувајте се чекор по чекор и ќе видите дека поседувате голем потенцијал.

2. „Никој не се грижи за мене“

Ако ова е можеби точно, тогаш вие сте вистинска реткост! Сите луѓе на овој свет се опкружени со љубов, само што честопати не ѝ дозволуваат да им пријде. Љубовта ја вреднуваме според големите дела, а не гледаме дека малите гестови се вистинските знаци на внимание и грижа. Поради ваквиот негативен став, нормално е тоа што другите луѓе се повлекуваат и не можат да ви покажат дека ве сакаат и покрај тоа што се чувствуваат така. Почнете да им покажувате на љубов на другите и ќе видите голема промена. Доколку не сте задоволни со вашето опкружување, зошто да не остварите нови познанства и да си дадете нова шанса?

3. „Не ми се допаѓа овој човек“

Нормално е да не ви се допаѓаат некои луѓе. Сепак, фокусирањето на туѓите негативни страни нема да ви донесе ништо добро. Нема да се чувствувате подобро. Чувството на одбивност и потребата да побегнете нема да исчезнат. Обидете се да издвоите барем една позитивна особина кај личноста што не ви се допаѓа. Сигурно постои таква! Постојано мислете на нечии позитивни страни и фокусирајте се на нив. Ова ќе ви го олесни животот.

4. „Зошто другите се подобри од мене?“

Ништо нема да постигнете ако се споредувате со другите. Ако успеете да извлечете некаква корист од споредбите, ви честитаме! Секогаш ќе постојат луѓе кои се поубави, попаметни, побрзи, побогати и помлади од вас. Ваквиот став го чувствуваат другите луѓе и тоа предизвикува лавина други негативни емоции. Не ви треба тоа во животот. Мора да бидете свесни дека тие што се подобри од вас никогаш нема да го имаат тоа што вие го имате: Вашата целосна личност, единствена и неповторлива.

5. „Нема да успеам“

Ако размислувате вака, навистина нема да успеете. Ако размислувате на овој начин, најдобро е да не правите ништо во животот. Целиот свет ви е на дланка. Го имате вашето здравје, работата и вашите мисли кои од утро до мрак мора да ви говорат: „Ќе успееш!“ И навистина ќе успеете.

Доколку ви требаат дополнителни совети, прочитајте како да се ослободите од негативните мисли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар