5 не толку очигледни фактори кои ги уништуваат вашите можности за успех
Дали го извлекувате максимумот од вашиот живот? Ги исполнувате ли често целите кои сте ги зацртале? Ако не, можеби е добро да застанете и да се запрашате што е тоа што ве оддалечува од успехот. Најчесто тоа се малите и навидум незначајни нешта кои играат голема улога. Проверете дали некоја од овие работи ве спречува во остварувањето на вашите цели.
1. Немате навика да го мерите успехот
Доколку не го мерите успехот, како ќе знаете дали успевате? Многу е важно да имате јасна претстава во што сте добри, а во кои полиња ви треба повеќе работа и подобрување. Мора да си ги знаете слабите и јаките страни доколку сакате да бидете успешни. Во време на напредна технологија постојат апликации кои ќе ви помогнат во мерењето на успесите и продажбите во вашата фирма, на пример. Колку појасна претстава имате за вашата работа толку поголеми се шансите за успех. Доколку лутате без јасна претстава, неинформирани и без да обрнете внимание на нештата кои ги правите добро и оние кои не ви одат од рака, вие се саботирате себеси уништувајќи си ги шансите за успех.
2. Страв од неуспех
Секој доживеал некаков неуспех во животот, впрочем неуспехот е неизбежен. Но доколку останете во безбедната зона, без да преземате ризици поради вашиот страв од неуспех, не очекувајте да постигнете успех и да напреднете. Доколку тргнете со негативен став, плашејќи се и воедно очекувајќи неуспех голема е веројатноста токму тоа да ви се случи. Тргнете со позитива, со самодоверба и мотив, а доколку неуспехот се случи сметајте го за важна животна лекција која ве научила што да не правите во иднина. Мислите дека успешните личности никогаш не се плашат и никогаш не почувствувале несигурност во себе? Дека се родени со некаква предиспозиција да успеваат во сè? Не, тие само не дозволиле стравот да ги попречи во она што го сакаат.
3. Негативно размислување
Сте знаеле ли дека во просек 4/5 од мислите на луѓето се негативни? Ако ви кажеме дека во просек еден човек има 50.000 мисли дневно, тогаш би заклучиле дека станува збор за многу негативни мисли. Како да го спречиме ова? Клучно е да ги препознаете негативните мисли и да ги промените во попозитивни. Еден интересен трик е да носите еластичен стегач околу зглобот на раката во рок од еден месец. Секогаш кога во мислите ќе ви помине било каква негативност и песимизам извлечете го стегачот и пуштете го веднаш што ќе предизвика блага болка. Ова ќе ве научи да ги препознавате негативните мисли, но и да ги одбегнувате. Колку и да сте скептици, пробајте и видете како ќе делува на вас.
4. Недостаток на самодоверба и преголема доза на самокритикување
Лагата која многупати е кажана станува вистина. Затоа престанете да си кажувате себеси дека не сте доволно добри и дека нема да успеете. Таквата доза на критицизам кон самите себе беспотребно ве оддалечува од успехот. Пробајте да се гледате себеси објективно. Доколку стануваше збор за ваш пријател кој беспотребно се критикува себеси неверувајќи дека е способен ниту пак дека заслужува успех, вие би му рекле дека не е вистина и дека тој/таа е прекрасна личност со многу можности во животот. Зошто не можете тоа да си го речете себеси?
5. Одлагање и не преземање акција
Факт е дека кога ги одлагате обврските истовремено го одложувате и вашиот успех. Сите ние одлагаме, но некои го прават тоа почесто од други. Чекаме совршен момент за да преземеме акција и изнаоѓаме секакви изговори зашто сега не е добро време. Никогаш нема да дојде тој совршен момент за да преземете акција, секогаш ќе имате причини, затоа направете го тоа сега.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.