5 навики што ќе го променат вашиот ум и ќе ви помогнат да ги намалите грижите

5 навики што ќе го променат вашиот ум и ќе ви помогнат да ги намалите грижите

Кога се грижите им дозволувате на негативните мисли да ве надвладеат. Почнувате да се грижите за што било, големо или мало, рационално или ирационално, и ретко чувствувате мир. Во зависност од тоа како се справувате со вашите грижи, можете целосно да се опседнете со проблемот, или да најдете начин да ги толерирате и најлошите мисли. Па, ако не знаете како да се справите со претераната грижа, овие 5 навики ќе ви помогнат да го промените вашиот ум и да ја намалите грижата.

5 навики што ќе го променат вашиот ум и ќе ви помогнат да ги намалите грижите

1. Направете нешто позитивно кога ќе се случи нешто негативно

Понекогаш не можете да ја спречите појавата на некоја негативна мисла. Може ве отпуштиле од работа, сте раскинале со партнерот и слично. Проблемот е што овие мисли само продолжуваат да се враќаат колку повеќе се обидувате да ги избегнете. Постојано барате причина да не ве отпуштат, но сепак грижата е овде. Не заборавајте дека без разлика колку сте моќни, постојат работи во животот што не можете да ги контролирате.

Немојте да се обвинувате себеси. Дури и најуспешните и најуверените луѓе имаат свои грижи и негативни мисли. Во овие моменти обидете се да направите нешто добро за вашиот пријател, изгледајте некое позитивно видео или помогнете некому.

2. Можете да контролирате две нешта: Однесувањето и трудот

Кога сте загрижени, важно е да се фокусирате на двете нешта што можете да ги контролирате – вашето однесување и вложениот труд. Немојте да размислувате за победата или неуспехот. Секогаш обрнете најмногу внимание на вложениот труд и вашето однесување. Без страв од неуспех и без грижи за иднината, само дајте го најдоброто од себе.

3. Кажете: „Ќе размислам за тоа подоцна“

Следниот пат кога ќе се грижите за нешто кажете: „Ќе се грижам за ова утре.“ Ова е мрзелив пристап кон остварување на вашата среќа. Со оваа техника, метафорично ставете ги вашите грижи во некој таен сеф на крајот од вашиот ум и одберете да се грижите за нив подоцна. Фокусот насочете го кон она што е важно во моментот.

4. Запишете ги мислите

Дневниците не се ништо ново, но навистина функционираат. Повеќето негативни мисли се толку брзи и комплексни што не знаете што ве удрило. Се чувствувате лошо, а не знаете зошто. Грижата нема да престане додека не ја најдете причината. Кога ќе ги запишете вашите мисли можете да ги анализирате, да ги разберете и да се чувствувате подобро.

Според неколку истражувања, водењето дневник е една од навиките што психолозите ја охрабруваат кај ветераните кои сакаат да ги надминат траумите од бојното поле. Други истражувања покажале дека кога ги запишувате мислите пред тешка задача, како интервју за работа или испит, настојувате да го дадете најдоброто од себе.

5. Работете напорно (за да не се грижите за пари)

Потребни ви се пари за да бидете среќни, барем така вели науката. Ако ги анализирате бизнисите, ќе сфатите дека можат да се сместат во три категории:

1. Бизнис без клиенти

Сопствениците живеат од плата до плата. Се грижат за основни работи како кирија и купување храна.

2. Бизнис со малку клиенти

Секогаш се плашат дека ќе изгубат некој од малкуте клиенти што ги имаат.

3. Бизнис со многу клиенти

Имаат други грижи, но не се грижат за пари.

Последното е бизнисот, односно кариерата кон која би требало да се стремите. Сосема е во ред да имате мирен живот без луксуз, но недостатокот од пари предизвикува многу стрес и најдобро е да бидете посериозни кон тоа прашање. Престанете да бидете мрзеливи и работете напорно за да имате доволно пари да ја надминете секоја финансиска криза. Без разлика дали го сакате тоа, потребна ви е финансиска стабилност за да бидете среќни.

Погледнете ги и овие совети што ќе ви помогнат да ги намалите анксиозноста, токсичните мисли и грижите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар