5 навики на среќните парови кои се родени да остарат заедно

5 навики на среќните парови кои се родени да остарат заедно

Најдобрите врски се исполнети со спомени и значајни моменти. Но, во реалниот живот, ситниците се тие кои ја дефинираат љубовта. Рутината на секојдневниот живот е таа која ја раскажува целата приказна. Да, убаво е да имате повремени големи моменти и искуства, но секојдневните ритуали се оние кои се заслужни за тоа дали вашата врска ќе опстане или не. Однесувањето и карактерот на личноста го формираат нејзините дневни навики. Истото важи и за врската. Карактерот на врската е изграден на дневни навики и ритуали. Лошите навики создаваат лоши врски. Добрите навики создаваат силна врска. Толку е едноставно. Најдобрата работа во врска со навиките е тоа што со нив диригира потсвеста. Тие се неразделиви, природен дел од врската кои со тек на време стануваат само префинети.

1-5-naviki-na-srekjnite-parovi-koi-se-sozdadeni-da-ostarat-zaedno-www.kafepauza.mk_

Ситниците кои ја создаваат врската на секојдневно ниво го одредуваат квалитет на таа врска. Затоа е важно да формирате добри навики – постапки и ритуали кои религиозно ги спроведуваме за да ни го подобрат квалитетот на животот. Мораме свесно да донесеме одлука дека сакаме да бидеме најдобрата верзија од себе. Тоа е константен процес за развој на самите нас како и на нашата врска. Најдобрите и најсилните парови го разбираат ова и затоа секојдневно практикуваат добри навики. Погледнете за кои навики станува збор.

1. Тие се бакнуваат страсно

2-5-naviki-na-srekjnite-parovi-koi-se-sozdadeni-da-ostarat-zaedno-www.kafepauza.mk_

Можеби делува едноставно, но многу парови (особено оние кои се заедно подолго време) често забораваат на ова. Бакнувањето изгледа како едноставен гест, но физичката интимност е нешто што паровите не смеат да го земаат здраво за готово. Секојдневните бакнежи помагаат во градењето силни физички врски помеѓу двајца луѓе кои се сакаат.

2. Тие разговараат за важните работи

3-5-naviki-na-srekjnite-parovi-koi-se-sozdadeni-da-ostarat-zaedno-www.kafepauza.mk_

Комуникацијата е темелник на силната врска. Вистинската комуникација не треба да ја изедначувате со разговарањето. Тие две работи не се исти. Во ред е да разговарате за времето или за омилената серија. Меѓутоа, вистинската комуникација значи да се вовлечете под кожата на другата личност. Некои разговори се тешки за водење, но силните парови не се плашат од нив.

3. Тие се обидуваат интимно да се поврзат

4-5-naviki-na-srekjnite-parovi-koi-se-sozdadeni-da-ostarat-zaedno-www.kafepauza.mk_

Поврзаноста се формира и се воспоставува од денот кога ќе се запознаете. Со тек на време може да се развива или намалува во зависност од тоа како меѓусебно се однесувате. Успешни врски се оние во кои двата партнери работат на емотивната поврзаност секојдневно за уште повеќе да ја зацврстат својата врска.

4. Тие си даваат комплименти и не се резервирани

5-5-naviki-na-srekjnite-parovi-koi-se-sozdadeni-da-ostarat-zaedno-www.kafepauza.mk_

Не воздржувајте се од комплименти. Комплиментите се во суштина израз на љубов,па зошто би ја пропуштиле приликата за уште повеќе да се зближите со партнерот? Не постојат ограничувања колку можете да се сакате. Колку повеќе го потсетувате партнерот на тоа зошто го сакате, толку вашата врска ќе биде појака.

5. Тие се смеат колку што е можно повеќе

6-5-naviki-na-srekjnite-parovi-koi-se-sozdadeni-da-ostarat-zaedno-www.kafepauza.mk_

Врската без смеа е навистина тажна врска. Обидете се да се смеете секојдневно – колку што е можно повеќе. Да, кога ќе се запознаете, се привлекувате физички. Сепак, со тек на време изгледот бледи, а смислата за хумор се развива и станува префинета. Никогаш нема да ви биде досадно во врска полна со смеа и живот. Секогаш се исплати да имате позитивен поглед на животот и љубовта.

Ова се 5 примери за секојдневни навики на кои би требало редовно да работите со партнерот. Сепак, не ограничувајте се на само овие примери. Бидете креативни и испробувајте нови работи кои ви одговараат на вас. Секоја врска е единствена, а она што важи за сите е да ја изградите врз принципите на љубов, интимност, внимание, разбирање и посветеност. Велат дека врските се тешки и тоа најчесто е вистина. Меѓутоа, ако се трудите и практикувате добри навики, ќе откриете дека љубовта воопшто не мора да биде комплицирана и тешка.

Сепак и научниците го кажаа својот збор, па дали ова е магичната формула за успешна љубовна врска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар