5 навидум убави машки гестови што жените потајно ги мразат

5 навидум убави машки гестови што жените потајно ги мразат

Веројатно верувате дека со внимателните гестови можете да освоите поени кај партнерката, но се лажете. Всушност, многу од убавите нешта што ги правите за вашата девојка, се токму оние коишто ја излудуваат. На пример, ѝ купувате накит што не е во нејзин стил, ѝ приредувате изненадување во непогодно време…

 5 убави гестови што мажите ги прават, а жените потајно ги мразат

Проблемот најчесто настанува кога не размислувате како би се чувствувала партнерката за гестот. Размислувањето за ова е сигурен начин да се уверите дали вашата сакана ќе го прифати гестот како што сте планирале. Во секој случај, најдобро е да ги избегнувате овие гестови, бидејќи речиси секоја жена ги мрази.

1. Купување накит

Повеќето жени сакаат накит, па веројатно се прашувате зошто не би требало да го купувате. Мажите грешат со тоа што мислат дека категоријата „накит“ е доволна сама по себе. Но не е. Жените се навистина пребирливи кога станува збор за накитот што го носат, па ако не одберете внимателно нешто што таа го сака, вашиот внимателен подарок ќе изгледа како недостаток од интерес. Ќе изгледа како да не знаете или како да не ве интересира што таа сака. Кога ќе купувате накит, најдобро е да знаете што сака да носи.

2. Се обидувате да ги решите нејзините проблеми

Освен ако нејзиниот проблем не е расипана чешма или високо поставен предмет, тогаш веројатно не сака да ѝ ги решавате проблемите. Мажите и жените се навистина различни во тој поглед. Кога жената се чувствува лошо, најчесто сака да биде ислушана и некој да ги потврди нејзините чувства. Со други зборови, ако има проблеми со најдобрата пријателка или на работа, таа само сака да се „издува“, а не да смислува решение. Вие само треба да ја слушате и (одвреме-навреме) да се согласувате со неа.

3. Ја опсипувате со дарови

Убаво ланче, рози, карти за концерт – сето ова е во ред, но само ако е повремено. Постојаното купување ситници не е најпаметниот избор. Партнерката нема да ја сака вашата лавина подароци од неколку причини. Вашето купување дава чувство на контрола, особено ако партнерката е вработена и финансиски независна. Исто така, колку и да ви се искрени намерите, таа може да почувствува притисок да возврати за подароците. Ниту една жена не сака да бие во врска во која се чувствува како секогаш да е чекор зад партнерот.

4. Влегувате додека се тушира без да ве викне

Физичкиот простор е важен дел од односот. Влегувањето во туѓиот простор без да ве повикаат, дури и ако сте љубезни, може да излезе лошо. Ова не значи дека не смеете да бидете спонтани и романтични, но едноставно немојте да го правите тоа кога се брза или кога се подготвува.

5. Ја проверувате

Веројатно ви е познато – ја оставате пред зграда, чекате да влезе и потоа тргнувате. Ова е сосема во ред и ниту една жена нема да ви замери бидејќи сте сакале безбедно да стигне дома. Но кога почнувате да ја испрашувате кога ќе се врати дома, без разлика дали го правите тоа затоа што ви недостига, ќе почнете да ја фрустрирате. На овој начин мажите сакаат да покажат интерес, грижа и наклонетост, но понекогаш жените го гледаат ова како контрола и љубомора.

Погледнете и кои машки гестови говорат многу повеќе од „Те сакам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар