5 намирници што треба да ги избегнувате ако имате главоболка

5 намирници што треба да ги избегнувате ако имате главоболка

Главоболката е еден од најчестите здравствени проблеми, а може да биде предизвикана од низа фактори. Но, дали знаевте дека јадењето одредена храна може да го влоши овој проблем? Некои намирници содржат елементи што предизвикуваат одредени промени во организмот и со тоа ја засилуваат вашата главоболка.

5 намирници што треба да ги избегнувате ако имате главоболка

Еве кои намирници треба да ги избегнувате кога имате главоболка:

1. Авокадо

Авокадото е потенцијален извор на тирамин, компонента што предизвикува стеснување и проширување на крвните садови, предизвикувајќи главоболка.

2. Сувомеснати производи

Сланината, печеницата, виршлите и други видови производи од месо се полни со нитрати и нитрити кои им се додаваат на производите за да бидат подолго време во добра состојба. Овие компоненти влијаат на проширувањето на крвните садови, а со тоа влијаат и на главоболката. Исто така, овие намирници се полни со сол, па затоа треба да ги јадете колку што е можно помалку.

3. Соја сос

Овој сос содржи високо ниво на натриум, како и мононатриум, што предизвикува дехидратација и може да предизвика главоболка. Ако навистина не можете без соја сос, обидете се да ја ограничите неговата употреба.

4. Сирење

Како и авокадото, сирењето и производите од сирење содржат високо ниво на тирамин, што предизвикува главоболка, па можеби ќе сакате да размислите за ограничување на јадењето сирење.

5. Алкохол

Алкохолните пијалаци се полни со состојки кои штетно влијаат на крвните садови, а исто така предизвикуваат и дехидрираност, која исто така има лош ефект.

Прочитајте кои 10 намирници треба да ги јадете (и пиете) доколку поголемиот дел од денот го поминувате седејќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар