5 најважни навики на луѓето што секогаш победуваат во животот

5 најважни навики на луѓето што секогаш победуваат во животот

Најдобриот начин за да направите нешто големо е да го сакате она што го правите. Ако сѐ уште не сте го пронашле тоа, барајте понатаму. „Не се согласувајте на компромиси“, е познатата изјава на Стив Џобс што ги инспирира новите генерации. Џобс во своите јавни настапи нагласуваше дека треба да ја бараме својата страст. Но, поновите истражувања покажале дека од страста поважни се овие навики…

1-5-najvazhni-naviki-na-lugjeto-koi-sekogash-pobeduvaat-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

1. Ја градат својата цел

Страста е збор што многумина го набљудуваат низ призмата на себичноста. Целта, од друга страна пак, ги вклучува и личностите кои се наоѓаат околу вас.

„Целта е настојување да оствариме вистински односи помеѓу себе и другите, помеѓу себе и својата работа, односно помеѓу нас и нешто поголемо од нас“, вели психологот Џонатан Хаидт во својата книга „Хипотеза за среќа“ (The Happiness Hypothesis).

Страста можеби нè прави големи во очите на јавноста, но целта нè поврзува со околината поради што го пронаоѓаме нашето вистинско место во општеството.

2. Избирливи се

Потврдно одговараме на обврските, поради стравот или поради желбата да не ги повредиме луѓето кои ги сакаме. Луѓето кои победуваат во животот знаат дека е важно да си осигурат време и простор во кој ќе го изберат она што навистина го сакаат. Знаењето да кажат „не“ за нив е една од најважните особини. За таквите личности пребирањето не е лош квалитет. Плус, таа овозможува да размислиме пред да делуваме. Исто така, ни дава време да побараме мислење од колегите, пријателите или партнерот, па така ги добиваме сите потребни информации пред да одлучиме.

3. Ги вежбаат своите вештини

„Откако ќе го откриете и развиете интересот за одредено подрачје, морате да му се посветите со фокус и полно срце за да го совладате. Морате да обрнете внимание на вашите слабости, да повторите една иста работа повеќепати, од час во час, од ден за ден“, вели Ангела Дакворт, авторка на книгата „Силен карактер: Моќта на страста и истрајноста“ (Grit: The Power of Passion and Perseverance).

Сите ние ги сакаме препреките во животот, бидејќи нè привлекува фактот дека добиваме нешто повеќе со помалку труд. Но, истражувањата покажаа дека со вежбањето на одредени вештини навистина доаѓаме до совршенство.

2-5-najvazhni-naviki-na-lugjeto-koi-sekogash-pobeduvaat-vo-zhivotot-www.kafepauza.mk_

4. Планираат

Без разлика дали вашата цел е да напредувате во работата или сè уште ја барате кариерата од соништата, за да успеете морате да имате детален план, кој се темели на вистински податоци. Оптимизмот е посакуван во работата, но не треба да претерувате со него. Луѓето кои секогаш победуваат во животот знаат дека е подобро да одредат реалистични очекувања, отколку да градат кули во воздух. Тие не се подготвуваат само за успехот, туку и за сите работи кои може да се влошат при остварувањето на поставените цели.

5. Упорни се

Неуспехот е патот кон успехот, тврдат многу успешни луѓе. Тие не дозволуваат одбивањето и неразбирањето да ги попречат во напредокот. Напротив, упорни се во своите настојувања да бидат подобри, побрзи, поинтересни и поквалитетни. Свесни се дека понекогаш ќе добијат отказ, ќе изгубат клиент или ќе прекинат однос со некој кој многу им значел, но токму поради тоа ќе се вратат посилни отколку претходно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар