5 најчудни видови оргазам
За овие луѓе, класичното постигнување оргазам не е опција. Нив ги возбудуваат работи за кои ретко кој друг би размислувал во сексуален контекст.
1. Стимулирање на палецот
Раф Бигс е парализиран од вратот надолу по трагичната сообраќајна несреќа која ја доживеал. Бидејќи не си го чувствувал долниот дел од телото, бил сигурен дека тоа ќе значи крај за неговиот сексуален живот. Цела година тој и девојка му се обидувале да најдат начин да дојдат до врвното сексуално чувство, додека еден ден таа не му го надразнила палецот. Експериментот бил успешен и Бигс успеал да доживее оргазам. Феноменот кој се случил се вика „преносен оргазам“, а е резултат на обидот на мозокот да се репрограмира како би се прилагодил на промената на телото, како што е парализата. Тој дури му дал и прекар на својот палец нарекувајќи го сурогат пенис.
2. Користење на мозокот
За некои луѓе, мозокот е најсилен сексуален орган. За нив мозокот е почеток и крај на сексуалното искуство, а телесното надразнување, голото тело на партнерот и останатите физички работи им се потполно непотребни. Како што покажуваат истражувањата, некои жени и мажи можат да доживеат врв на сексуалното задоволство при самата помисла на секс, без никакво надворешно надразнување. Научниците ја следеле активноста во мозокот на луѓето кои ја имаат оваа супермоќ при што се покажало дека таа е идентична како кај оние кои доживуваат оргазам преку сексуален чин со физички дразби.
3. Неочекуван оргазам од стапалата
За време на едно медицинско истражување, непозната жена која учествувала во експериментот, открила дека може да доживее оргазам преку стапалата. Таа имала болест која се одразувала на нејзините стапала. Иако се излечила, нервите ѝ останале оштетени заради што мозокот погрешно ги сфаќа сигналите од нервите во стапалата како сексуална стимулација. На (не)среќната жена ѝ доаѓа врвното задоволство и до шест пати на ден.
4. При вежбање
Познато е дека вежбањето го подобрува сексуалниот живот, но не и дека постојат луѓе на кои вежбањето им е сексуален живот. Спроведено е истражување на жени кои можат да доживеат оргазам преку вежби, а специфични вежби кои возбудуваат се скокање на јаже, качување по јаже, дигање тегови и пливање. Жените кои имаат доживеано такви оргазми тврдат дека чувствуваат потполно исто чувство како кога доживуваат оргазам при секс. Постои теорија дека вежбите за стомак доведуваат до оргазам заради стимулативниот притисок на клиторисот, но науката се уште нема одговор за овој вид оргазам.
5. Оргазам во тек на пораѓај
Иако можеби делува многу чудно, сепак се работи за многу едноставна дразба која се случува кај дури 0,3% од родилките. Постои многу едноставна причина зошто ова се случува – кога жените раѓаат на природен начин во околина во која можат да се опуштат, доаѓа до јака стимулација на матката, вратот на матката и клиторисот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.