5 најчести митови за губењето килограми

5 најчести митови за губењето килограми

Дали имате проблем во борбата со килограмите? Дали веќе долго време пробувате да ослабнете, но не ги постигнувате посакуваните резултати? Можеби сте поверувале во некој од митовите за губењето килограми кои ви го отежнуваат патот до целта. Ова се 5-те најчести митови за слабеењето.

5 најчести митови за губењето килограми

Мит #1: Не треба да се јаде по 18 часот

Сите сме чуле совети од типот не внесувај храна по шест или по осум часот навечер. Според тие совети, или подобро кажано, тој мит, јадењето по одредено време во денот предизвикува зголемување на килограмите. Овој мит е поправен од страна на многу експерти и нутриционисти, а една од нив е Елиса Зеид која тврди дека нема апсолутно никакви докази дека консумирањето храна по одреден временски период во текот на денот би водело до накачување на килограмите.

Вистина

Ако чувствувате дека сте многу гладни доцна навечер тоа е показател дека не сте се хранеле доволно добро во текот на денот. Ако прескокнувате оброци голема е веројатноста дека ќе се прејадете за време на вечерата. Значи не е важно времето кога јадете туку гладувањето па прејадувањето е она што причинува зголемување на килограмите. Создадете навика да јадете приближно во исто време секој ден, не изгладнувајте. Со неконстантно внесување храна во организмот, не само што ќе имате проблем со контролата на килограмите туку и проблем со своето здравје.

Мит #2: Треба да се избегнува буквално секаква храна која содржи јаглехидрати

Според овој мит, оние кои сакаат да ги намалат килограмите не смеат да јадат апсолутно ништо што содржи јаглехидрати. Воопшто да не се внесува леб, тестенини или ориз. Но, која е вистината?

Вистина

Јаглехидратите се многу важни извори на енергија во организмот. Доколку целосно ги избегнувате, вие нема да имате енергија да вежбате и да бидете доволно физички активни. Јаглехидратите му се потребни на организмот, само што постојат „добри“ и „лоши“ јаглехидрати. Подобро да ги избегнувате преработените јаглехидрати како белиот леб, белите зрна и шеќери. Тие се рафинирани јаглехидрати и не содржат доволно хранливи состојки. Наместо тоа консумирајте пченичен леб, интегрални житарки, грав, кафеав шеќер…

Мит #3: Со прескокнување оброци полесно ќе изгубите килограми

Многумина веруваат дека со прескокнувањето оброци или со внесувањето сосема мала количина на храна колку да го поминат денот, ќе изгубат килограми.

Вистина

Вистината е целосно спротивна. Прескокнувањето оброци ќе придонесе за покачување на вашата телесна тежина. Најважно од сè е да го започнете утрото со обилен појадок и во никој случај да не го прескокнете првиот оброк во текот на денот.

Зошто ова тврдење е само мит? Доколку прескокнете некој оброк, ќе изедете повеќе во текот на наредниот. А дури и да умеете да се контролирате, вие сепак го навикнувате телото на режим на исхрана што ќе го забави вашиот метаболизам, а со тоа и согорувањето калории. Доколку вашето тело го навикнете да гладува, тоа ќе се научи да чува резерви на храна, а со тоа побавно ги согорува маснотиите и го забавува метаболизмот. Затоа баш обратно од очекувањата, кога ќе прескокнете некој оброк сепак ќе се чувствувате подуено.

5 најчести митови за губењето килограми

Мит #4: Вежбањето е единствен начин да ги намалите килограмите

Вежбате можеби и по 2 часа дневно, но сепак не ги намалувате килограмите?

Вистина

И вежбањето и здравата исхрана се важни и би требало да се воспостави некаков баланс. Доколку вежбате напорно, но не внимавате на калориите и внесувате повеќе отколку што трошите, не очекувајте некои големи резултати. Вежбањето и физичката активност се важни за вашето здравје, но кога примарната цел ви е да изгубите килограми поради која било причина, треба многу да внимавате и на храната која ја внесувате додека трае вашиот режим на вежбање.

Мит #5: Треба да се јаде исклучиво здрава храна

Ви кажуваат дека со цел да изгубите килограми мора да внесувате само здрава храна, овошје и зеленчук, и вие го правите тоа, но сепак не губите килограми. Која е причината?

Вистина

Да, важно е да се внесува здрава и свежа сезонска храна. Се препорачува консумирање овошје и зеленчук. Но во никој случај не значи дека тоа е единственото нешто што треба да го внесувате. Разновидноста во исхраната е многу важна. Вашата исхрана треба да содржи и протеини и „здрави“ јаглехидрати.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар