5 начини за справување со чувството на безнадежност!
Понекогаш е сосема нормално да се чувствувате безнадежни, но кога ова чувство станува постојан дел од вас уништувајќи го секој обид да бидете оптимисти, тогаш тоа станува загрижувачко. Што ја предизвикува безнадежноста и што можете да направите за да се чувствувате подобро?
1. Поголема ангажираност
Отфрлањето на пасивноста и негативното размислување бара повеќе да се вклучите во светот околу вас. Дури и ако не сакате, од суштинско значење е да се обидете. Затоа, направете го првиот чекор за да ја напуштите вашата удобна зона и ќе увидите како набргу работите ќе почнат да се подобруваат.
2. Алтруизам
Алтруизмот е едно од најмоќните оружја против безнадежноста. Како што вели будистичката поговорка: ,„Кога ќе запалите фенер за друг, тој исто така ќе го осветли и вашиот пат“. Престанете да се фокусирате на вашите проблеми и посветете малку време и на другите така што ќе им помагате и ќе ги сослушате. Не заборавајте дека секогаш кога на другите им давате надеж, ја добивате и вие.
3. Негувајте ја смислата за хумор
Смеата е добар лек за менталното здравје. Според одредени студии, смеењето може да го зајакне имунолошкиот систем со оглед на тоа дека може да ги намали хормоните на стресот.
4. Сосредоточување на сегашниот момент
Медитацијата, јогата и молитвата можат значително да го подобрат вашето ментално здравје така што ќе ве инспирираат максимално да го искористите секој миг од вашиот ден. Саморефлексијата, исто така, може да ви помогне полесно да се изборите со негативните мисли.
5. Одлучност
Најважната алатка која ќе им стави крај на безнадежните мисли е решителноста. Без разлика на сесиите со психолози, лековите, советувањата и терапиите, само вие можете вистински да си помогнете себеси така што ќе одлучите каква личност сакате да бидете и ќе ги пренасочите вашите мисли и постапки во таа насока.
Откако ги прочитавте нашите совети за справување со безнадежноста, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 нешта треба да ги направите кога се чувствувате депресивно без причина.
Извор: themindsjournal.com