5 начини за да се ослободите од потребата да се споредувате со другите
Сите сме свесни за фактот дека луѓето имаат потреба да се споредуваат со другите. Уште од мали нозе слушаме како родителите и наставниците нè споредуваат со другите деца, а како што растеме и ние почнуваме сами да се споредуваме со другите луѓе. Од една страна, тоа може да нè мотивира да почнеме да работиме на себе и да направиме позитивна промена во животот. Од друга страна, споредувањето со другите може да предизвика да чувствуваме завист. Како да се ослободиме од потребата за постојана споредба со другите луѓе? Експертите советуваат да се обидете со овие 5 методи.
1. Откријте ја вашата дефиниција за успех
Доколку јасно ги дефиниравте вашите цели и ги исполнивте, ќе реагирате со помала фрустрација на туѓите успеси. На крајот на краиштата, зошто би споредувале некои од вашите лични успеси како што е создавањето семејство со професионалниот успех на другите?
2. Откријте ги своите предности и фокусирајте се на нив
Кога не размислуваме за нашите предности и недостатоци, полесно е да паднеме во замката да се споредуваме со другите луѓе. Понекогаш се случува да бидеме премногу под стрес бидејќи нашите слаби страни не се на ниво на туѓите силни страни, а во исто време забораваме дека имаме таленти кои им недостигаат на другите. Дали знаевте дека Алберт Ајнштајн не го положил првиот испит по француски, но бидејќи бил свесен за неговите квалитети, не дозволил овој факт да го депримира, туку се фокусирал на она во што бил најдобар, науката.
3. Гледајте на работите од поширока перспектива
Секогаш кога ќе ви падне на ум да се споредите со некоја личност, застанете и размислете колку навистина сте запознаени со нејзиниот живот. Тоа што некој зрачи со оптимизам и остава впечаток на задоволна личност, не значи дека така се чувствува. Луѓето вообичаено носат маски на своите лица, зад кои се кријат несигурноста и стравот. Утеха најдете во фактот дека ретки се оние на кои сè им оди под рака, на професионален и на личен план.
4. Продолжете да работите на себе
Наместо да се споредувате со другите, подобро е постојано да ги подобрувате своите вештини и да ги споредувате неодамнешните достигнувања со вашите почетоци.
5. Фокусирајте се на мали цели
За да се стекнете со самодоверба, наш совет би бил да ги поделите големите проекти на кои работите на помали фази, бидејќи порано ќе почувствувате задоволство во исполнување на вашите цели, без разлика колку и да се мали. На тој начин ќе го подобрите вашето ментално расположение и ќе ја зголемите мотивацијата за завршување на преостанатите задачи, па така нема да имате време да се споредувате себеси со другите.
Откако прочитавте кои методи ви ги препорачуваат експертите доколку сакате да престанете да се споредувате со другите, ви препорачуваме да прочитате и зошто се гледате себеси поинаку од тоа што ве гледаат другите.
Извор: citymagazine.danas.rs