5 начини секојдневно да се чувствувате посреќно

5 начини секојдневно да се чувствувате посреќно

Дали некогаш сте се чувствувале несреќно без причина? Секогаш заглавувате во сообраќај кога доцните, ви снемува боја во печатарот 5 минути пред презентација, сите околу вас ви делуваат како да ја работат работата од соништата, додека пак вие, едноставно никогаш не можете да се најдете на висинското место во вистинското време?

5 начини секојдневно да се чувствувате посреќно

Верувале или не, постојат луѓе што ја проучувале среќата. Ричард Вајзман, психолог при Универзитетот во Хертфордшир, поминал декада следејќи група луѓе што тврделе дека се среќни и друга група, што верувале дека се несреќни. Вајзман, заедно со својот тим, сакал да открие која е тајната на „среќните“ луѓе што успевале да ги искористуваат во целост сите прилики во животот.

По една декада, тој конечно ја открил вистината. Разликата помеѓу среќните луѓе и сите останати е многу едноставна – тие верувале дека се среќни! Да, тоа е сè. По 10-годишната студија, Вајзман и неговиот тим откриле дека луѓето што очекуваат да бидат среќни, ќе успеат да го постигнат тоа. Сè се сведуваа на начинот на кој ги гледате можностите.

Па, како да ја промените вашата перспектива и да сфатите дека вие сте оние што ја прават сопствената среќа?

5 начини секојдневно да се чувствувате посреќно

1. Почнете да дејствувате

Вие не можете да добиете на лотарија ако никогаш не купите билет. Исто како што не можете да најдете нови можности доколку не ги побарате. Иако проширувањето на вашиот професионален круг или започнувате нов курс може да биде стресно, сепак тоа е потребно зло. Размислувајте на овој начин – колку повеќе луѓе запознавате, толку поголеми се шансите дека ќе сретнете некој што ќе ви го промени животот.

2. Верувајте во подобро утре

Истражувачите од Универзитетот во Питсбург докажале дека оптимистите живеат многу подолго и се поздрави од останатите. Но, зошто? Постои еден психолошки термин познат како „научена беспомошност“. Ова се случува кога толку многу ќе се навикнеме на одредена негативна ситуација, што едноставно веќе сме престанале да се обидуваме да ја смениме, дури и кога ни се појавуваат можности. Кога имате негативен став, оваа научена беспомошност може да ве спречи во живеење на вашиот живот во целост. Само затоа што нешто изгледа невозможно, не значи и дека навистина е!

3. Поставете ги вистинските прашања

Ако имате цел, на пример, да напишете книга, тогаш не треба само да ја напишете истата, туку и да ја издадете. Понудата за книга нема да ви падне од ведро небо. Вие треба да ја завршите вашата домашна задача и да ги истражите сите начини на коишто можете да ја издадете вашата книга. Ако имате можност, разговарајте со луѓе што веќе поминале низ тоа. Поставувајте прашања. Пристапете ѝ на оваа цел на истиот начин како што пристапувате кон важните работни обврски.

4. Направете голем чекор

Изгледа среќните луѓе секогаш наоѓаат начин како да ја претворат својата страст во кариера, без разлика за што станува збор. Тоа што забораваме е дека овие луѓе не станале магично преку ноќ дизајнери на видео игри или пак, јога инструктори. Во одреден момент, тие дале отказ од својата нормална работа и го вложиле своето време, како и парите, во страста. Ова може да биде навистина голем и тежок чекор, но на крајот од краиштата, придобивките можат да бидат огромни!

5. Слушајте ја вашата интуиција

Дали некогаш сте имале еден од оние моменти кога едноставно знаете дека нешто се случува? На пример, се движите кон вашата работа и не можете да се оттргнете од чувството дека нешто не е во ред со лифтовите, па решавате да тргнете по скали и одеднаш снемува струја… Сите имаме ваков вид интуиција. Но, поголемиот дел од луѓето одамна научиле како да го игнорираат овој внатрешен глас и се водат исклучиво од разумот. Ако сакате да бидете навистина среќни, мора одново да го пронајдете вашиот внатрешен глас и да му дозволите да ви зборува. Ќе се изненадите колку далеку можете да стигнете со негова помош!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар