5 начини на кои вашето тело ви кажува дека треба да забавите

5 начини на кои вашето тело ви кажува дека треба да забавите

На многу луѓе денес премореноста и стресот им станаа составен дел од животот, па дури и начин на живот. Некои од нас дури и се горди на тоа колку многу работат. Кога е во прашање нашето тело, многу е веројатно дека последиците нема да ги почувствуваме веднаш, но секако постојат сигнали кои ни ги испраќа нашето тело со кои ни вели дека треба да забавиме.

1-5 nachini na koi vasheto telo vi kazhuva deka treba da zabavite-www.kafepauza.mk_

1. Вашето генерално здравје не е баш најдобро

Станувате склони кон чести настинки, главоболки и разни други болки (желудник, врат и слично). Преголемиот стрес, исто така, може да го зголеми и вашиот крвен притисок и да го ослаби вашиот имунитет, што води кон многу посериозни болести од обична настинка или главоболка.

2. Вашиот апетит е надвор од контрола

Храната е повеќе од уживање, храната е лек. Многу е важно секојдневно на вашиот организам да му дадете храна која е добра за него. Кога сте под стрес или уморни, вашиот мозок се обидува што побрзо да се ослободи од гладот. Доколку стресот трае подолго, тоа предизвикува вашиот мозок да создава хормони кои влијаат на вашата желба за слатка и мрсна храна.

3. Чувствувате нервоза

Работите во кои уживате ви станеле неподносливи, односно, ве нервираат. Доколку вашите омилени активности и драги личности одеднаш ве нервираат, може најверојатно не е до нив, туку до тоа што сте под преголем стрес и потребен ви е одмор. Хроничниот стрес може да доведе до депресија и висок крвен притисок кои пак, подоцна може да предизвикаат многу посериозни болести.

2-www.kafepauza.mk_

4. Намалена желба за интимност

Интимноста е многу важна компонента за вашиот здрав и среќен живот. Кога сте под стрес, вашиот мозок престанува да ги произведува супстанциите кои се одговорни за вашата сексуална желба.

5. Имате променливо расположение

Преслушајте се себеси. Доколку сте забележале дека сте пораздразливи од вообичаено, дека сте депресивни и слично, тоа би можело да значи дека ви е потребен одмор. Исто така, слабата концентрација може да укажува на истото.

Што да направите?

Како прво, забавете, а потоа обидете се да се храните здраво. На крај, свртете се кон вашите сакани личности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар