5 начини на кои се менува жената откако ќе добие ќерка

5 начини на кои се менува жената откако ќе добие ќерка

Секоја жена се променува на одреден начин откако ќе стане мајка. Промените зависат од тоа дали добила син или ќерка. Девојчињата обично се помирни, понежни и почувствителни, па затоа жените кои добиваат ќерка се променуваат на некој посебен начин.

5 начини на кои се менува жената откако ќе добие ќерка

1. Ќе стане понежна

Кога ќе добијат ќерка, многу жени откриваат нивна нова, уште понежна страна. Чувствуваат внатрешен мир и спокој како никогаш досега. Со текот на времето ќе сфатат колку се промениле и дека немаат потреба за непредвидливи и возбудливи нешта како претходно.

2. Ќе обрнува помалку внимание на своето тело

Секоја жена има несигурности во врска со своето тело. Некогаш не се чувствува добро, сака да биде послаба, да има потекна половина или поголеми гради. Но кога на свет ќе дојде нејзината ќерка, жената ќе сфати дека нејзиниот поглед за телото ѝ го пренесува неа. Поради ова ќе почне да внимава што и како зборува за своето тело пред ќерка си, но и ќе се обиде да го промени незадоволството во врска со своето тело.

3. Ќе открие нови стравови

Како што ќе расте нејзината ќерка, така ќе се зголемува и бројот на стравови за нејзината иднина во свет каде што силувањето и сексуалното насилство сè уште постојат. Мајката во секој момент се грижи за своето дете и сака да го заштити од секое зло.

4. Полесно ќе се лути

Стравот во одреден момент може да се претвори во лутина. Жената ќе биде гневна за неправдите со кои се соочуваат жените и ќе стане свесна што навистина претставува борбата за женските права. Мајката ќе се бори за подобар свет за својата ќерка.

5. Ќе стане похрабра

Оваа храброст значи кажување на сопственото мислење без разлика што мислат другите. Таа ќе почне да се бори против неправдата и ќе постави граници во односите со другите. Знае дека нејзината ќерка гледа и учи од нејзиното однесување, па ќе се однесува храбро за и нејзината ќерка да го прави тоа.

Прочитајте и како вашата ќерка ве прави подобар човек.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар