5 начини на кои претходната врска ви ја уништува сегашната
За жал, најчесто при прекинувањето на љубовната врска, едниот од партнерите останува повеќе повреден. Иако по овој момент секој продолжува со својот живот, за некому ова е лошо искуство по кое е потребно време за заздравување. Можеби во периодот што следува веднаш нема да ги почувствувате последиците, но кога ќе најдете нов партнер кој ќе сметате дека е поразличен од другите и ќе сакате да бидете со него, ќе сфатите дека сепак претходната врска на вас оставила белег што не можете лесно да го отстраните. Еве на кои начини искуството со вашиот претходен партнер може да ви влијае на сегашната врска.
1. Потешко стекнувате доверба
Доколку претходниот партнер ве излажал или ве изневерил, и сте биле длабоко повредени од тоа, многу поверојатно е дека од тогаш сѐ потешко ќе можете да им верувате на другите. Иако сите ги немаат истите карактеристики, бидејќи вашите чувства еднаш биле повредени, ни вие веќе не сте истата личност.
2. Емоционално сте непредвидливи
Еден ден може да бидете нежни и внимателни, додека пак наредниот да изгледате нечувствителни. Во тие моменти смислувате илјадници начини на кои би можеле повторно да бидете повредени, па затоа се затворате во себе и се оддалечувате, на тој начин заштитувајќи се себеси.
3. Погрешно го разбирате партнерот
Бидејќи и претходниот партнер ви зборувал многу работи кои потоа се покажале како погрешни, дури и сегашниот да ви ја зборува вистината, вие ќе го сфатите на погрешен начин, затоа што сметате дека сѐ што прави тој е со одредена скриена намера.
4. Одбивате да правите некои работи
Знаејќи дека вашите напори во минатото се покажале како бескорисни, сега сметате дека нема потреба да покажувате одредени гестови на внимание. Сѐ што било романтично во вас сега е заменето со разочарување.
5. Не можете да го заборавите минатото
И покрај сите напори, вашето претходно лошо искуство влијаело многу на вашата личност, па сметате дека што и да правите и колку и да се обидувате, вие никогаш нема да бидете исти.
Сепак, запаметете дека секогаш постои надеж. Со текот на времето, искреноста, чесноста и разбирањето за тоа што сте го доживеале, ќе ве натера да сакате и да им верувате на другите. Иако никогаш повторно нема да бидете исти поради тоа што од вас е одземен еден дел од срцето, при што се зголемила вашата недоверба, ако бидете упорни вие ќе поминете низ сето ова и ќе ја извлечете најголемата лекција за љубовта!