5 начини на кои не треба да ја објавите веста за вашата бременост на социјалните мрежи
Кога ќе дознаете дека сте бремени, не можете да ја опишете радоста и веднаш сакате со целиот свет да ја споделите вашата среќа. Но, при објавувањето на оваа весела вест, треба да знаете на кои начини да го направите ова, а социјалните мрежи баш и не се достојни за тоа. Погледнете ги овие пет начини кои треба да ги избегнувате кога ќе сакате да ја соопштите веста дека очекувате уште еден член во семејството.
1. Да ја споделите веста на социјалните мрежи уште пред да ѝ кажете на вашата мајка
Не означувајте фотографија со ваши чевли, чевлите на вашиот сопруг и мали бебешки чевличиња, со што ќе сакате да им дадете до знаење на вашите пријатели дека очекувате бебе. Оваа радосна вест најпрво заслужува да ја дознае вашето семејство.
2. Да поставите фотографија од позитивниот тест за бременост
Дали пријателите треба да помислат на вашата урина? Сигурно не!
3. Да покажете фотографија каде што му соопштувате на вашето постаро дете дека треба да го напушти креветчето за спиење
Тажниот израз на детето зад рашетките на креветчето и не изгледа баш добро.
4. Да споделите фотографија со бебешки предмети
Убаво е да имате до себе бебешки предмети и играчки, но не е добро во таков момент да ги споделувате истите на социјалните мрежи.
5. Фотографија која го покажува вашиот гол стомак
Чувајте ги тие фотографии во своите спомени!